Мајката на 5-годишна тенисерка од Скопје: „Меланија почна да тренира тенис на 3 години, сега учествува на натпревари“

„Иако започна многу мала, Меланија покажа голем интерес, амбиција и желба да ги совлада техниките на тенисот, што е реткост за дете од 3 ипол годишна возраст, одлично се вклопи и може успешно да се натпреварува и со деца постари од неа. Започна да тренира со 2 часа неделно, па по нејзина иницијатива часовите и тренинзите се зголемија на 3 или повеќепати неделно...“, раскажува мајката на Меланија Петковска (5) за CRNOBELO.com.

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-01.jpg

Меланија Петковска од Скопје, има 5 години и е најмалата тенисерка која што започнала да тренира тенис од 3 ипол годишна возраст. Меланија тренира во тенискиот клуб „Радишани“, кај тренерот Ацо Латиновски кој што има голема улога за досегашните постигнати резултати.

За CRNOBELO.com Кристина Петковска, мајката на Меланија вели:

„Карактеристично за Меланија е тоа што се започна како еден вид хоби, за да се насочи детската енергија во здрав и позитивен правец.

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-15.jpg

Овој вид на спорт е индивидуален - што подразбира дека беше одличен избор за да се започне во време на пандемија, каде што сè беше затворено или ограничено и немавме многу опции за избор, но досегашниот тек и постигнатите резултати ни кажуваат дека одиме во одличен правец. 

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-10.jpg

Иако започна многу мала, таа покажа голем интерес, амбиција и желба да ги совладува техниките на тенисот, што е реткост за дете од 3 ипол годишна возраст. Меланија одлично се вклопи во тенисот, па може успешно да се натпреварува и со деца постари од неа. 

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-08.jpg

Започна да тренира со 2 часа неделно, па по нејзина иницијатива часовите и тренинзите се зголемија на 3 или повеќе пати неделно.

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-07.jpg

Специфично за неа е тоа што е левак, па тоа ја прави доста карактеристична и незгодна за противникот. 

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-05.jpg

Придобивките од овој спорт за неа се покажаа доста позитивни, таа одлично се развива, има одлична моторика и координација, голема амбициозност и натпреварувачки дух, како и одговорност за навремена припрема за тренинзи и слично.

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-13.jpg

Среќни сме што кај неа од најрана возраст успеавме да вметнеме желба за здрави навики и да се занимава со спорт. 

majkata-na-5-godishna-teniserka-od-skopje-melanija-pochna-da-trenira-tenis-na-3-godini-sega-uchestvuva-na-natprevari-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана Гигова за ноќниот живот во Скопје во 90-тите: „Излегувавме во Мусандра, на ливче хартија си дава... „Во 90-тите некој додворувач срамежливо ќе го побараше телефонскиот број, а јас ...
Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди...
Деспина од Скопје чува зајче: „Пинки обожава банани, а им ги грицка и чантите на моите другарки“ „Пинки го хранам со сено, јаболка, обожава банани, од зеленчук краставица и морк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg