Даница е инспиративна дама - на 90 години не излегува без бисери од дома, слуша само класична музика

„Цел свет го има прошетано, слуша исклучиво класична музика, активно оди по театри, знае сѐ за уметност и култура. Со сопругот имаат повеќе од 2.000 прочитани книги во нивната домашна библиотека“, раскажува за CRNOBELO.com нашата професорка Татјана Алексиќ за својата инспиративна стрина, за која вели дека е најнегуваната дама што ја познава.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-01.jpg

Професорката Татјана Алексиќ е една од најубавите и најнегуваните дами во нашата држава, која отворено говори јавно на секоја тема и се залага за подобрување на ситуацијата, со максимално вложени напори, без разлика за што станува збор.

И една ваква прекрасна дама не е можно да нема исто такво семејство.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-09.jpg

Една од нејзините омилени жени во животот, од која црпи инспирација ѝ е нејзината стрина, Даница Голубовиќ која има 90 години, живеее во Белград и е пример како изгледа една вистинска дама.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-02.jpg

Префинета со бисери на себе, со љубов кон цвеќето, кон домашно приготвената и убаво сервирана храна, а најмногу од сè со љубов кон пишаниот збор.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-04.jpg

Collage_Fotoradaas.jpg

Оваа дама заедно со сопругот имаат повеќе од 2.000 прочитани книги во нивната домашна библиотека.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-08.jpg

Даница Голубовиќ е родена во Белград, татко Хрват, мајка Србинка, дедо по татко Германец, слави и католички и православен Божиќ.

Цел свет го има прошетано, слуша исклучиво класична музика, активно оди по театри, знае сѐ за уметност и култура. Нејзиниот сопруг е судија, работел во Врховен суд, каде работела и таа краток период.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-12.jpg

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-11.jpg

Collage_Fotor43344.jpg

Татјана за својата инспиративна стрина за CRNOBELO.com вели:

„Таа е совршена госпоѓа и домаќинка, која готви и сервира како во врвни ресторани и сѐ уште ги чешла ресите од теписите. Уредна, педантна, културна. Кога се шетаме се вртат по неа.

Таа е природно негувана, без ботокси и филери, сама си прави природни креми и мотото ѝ е „овошје во уста и овошје на лице“.

Наместо дезодиранс користи сода бикарбона, но има омилен бренд на кармин и парфемот „Chanel“ со години.

Со нејзиниот сопруг здраво се хранат и пешачат и тоа е тајната на нивниот изглед. Имаат омилени кафулиња и ресторани, постојано шетаат и полни се со енергија.“

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Алма од Велес: „Имам домашен миленик полжав - Гери живее во аквариум и обожава да се гали“ „За неговото живеалиште, аквариумот, потребно е да нема предмети од коишто може ...
Теодор од Куманово, колекционер на плочи: „Мојата колекција брои од 800 до 1.200 винилки“ Пуца Череп или Теодор Спиридоновски од Куманово, како што вели за себе е напорен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg