Александар Маркоски: „Со велосипед поминав 11 земји и извозев 3.800km за 76 дена - спиев во шатор, хостели и хотели“

„Возев од Шпанија до Грција, па Македонија... Имаше денови кога возев само 30тина километри, а понекогаш и повеќе од 120km на ден, во просек се работеше за уживање, а не спортско натпреварување, па оставав спонтано секој ден да одлучам каде ќе сакам да ноќевам, често изолиран од луѓе во природа, планини, плажи...“, раскажува Александар Маркоски (30) за CRNOBELO.com за својата велосипедска авантура, која ќе ја помни цел живот.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-01.jpg

Александар Маркоски (30) од Прилеп по професија стоматолог, веќе 5 години живее во Хамбург и за себе вели дека е трагач по среќа, авантура и слобода. Негово омилено хоби дефинитивно е велосипедизмот.

Неодамна, тој се врати од велосипедска авантура која ќе ја памети цел живот, а од која детали споделуваше на неговиот Инстаграм профил @Marko´s neffe and the bikeMarko´s neffe and the bike.

Александар со велосипед помина 11 земји, вклучително со Македонија на крај, и извозе 3.800km за 76 дена.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-21.jpg

Детали за авантурата споделува за CRNOBELO.com:

Од кога е љубовта кон велосипедизмот?

Не можам да одредам колку долго велосипедизам зошто тоа не го гледам како одредба туку како пропратен елемент во живеењето или практика која ни овозможува поголема слобода, поголема свест за околината, флексибилност и фит живот.

Скоро 5 години живеам во Хамбург, Германија и после долги години искуство со мотори и автомобили сфатив дека еден од наједноставните, најбрзите и најевтините начини за патување во голем град е токму велосипедот. Поради тоа започнав секојдневно, без разлика на временските услови да возам до работа за полека да научам дека исто така викенд тури со кампување се одлична можност да се истражи природата и истовремено да се чувствуваме дека правиме нешто добро за себе и за околината.

Возењето на велосипед е на некој начин филозофија „burn fat not oil“ која ни дозволува да го чувствуваме поинтензивно живoтот и нашето влијание на околината, а истовремено да останеме витални и здрави.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-03.jpg

Како се одлучи на ваква авантура? И како изгледаше целокупниот план?

Одлуката се случи доста спонтано, но сепак претходеше еден релативно подолг период на сонување за нешто такво. Во околината во која живеам и луѓето со кои се дружам велосипедот и велосипедските патувања се дел од живеењето.

Пред година дена набавив нов велосипед со желба дека еден ден ќе имам доволно време и храброст да го направам и тој чекор. Со оглед на тоа дека за време на периодот на социјална изолација за време на ковид поминав доста време во четири ѕида со ограничена можност за истражување и патување спонтано се роди потреба да ја прекинам рутината на живеење и да направам пауза од сето тоа за да се впуштам во уште една авантура.

Бев некако заситен од конвенционалните патувања кои ги имав доста често во минатото, а мотивиран од трендот на младите во Европа за алтернативни и активни патувања/одмор, избрав да патувам со велосипед.

Велосипедот како еколошка варијанта е доволно брз да се помине солидна дистанца во еден ден (околу 100km) но исто така нуди можност за интензивно осознавање на околината... Природата, културата, луѓето и секако не само од позитивната страна.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-09.jpg

Колку километри на ден поминуваш? Колку помина вкупно? Колку дена вкупно? Каде спиеш? Колку часа на ден возиш?

Во најголемиот дел од патувањето возев по рута која е именувана како ЕуроВело8, но никогаш стриктно според претходно определена траса.

Од Хамбург летав заедно со мојот велосипед и опрема за Херес де ла Фронтера (најблизок аеродром од Кадиз) и потоа преку Кадиз, Тарифа, Гибралтар, Малага, Аликанте, Валенсија, Барселона, Џирона (Шпанија), Монпелје, Марсеј, Кан, Ница (Франција), Империја, Џенова, Cinque Terre, Пиза, Анкона (Италија), Сплит, Дубровник( Хрватска), Херцег Нови, Будва (Црна Гора), Поградец, Корча (Албанија), Јанина, Лефкада, Кефалонија, Патрас, Делфи, Атина, Солун (Грција) до Прилеп. Вкупно извозив 3.800km во времетраење од 76 дена.

Поминав и низ Монте Карло, Сан Марино, Босна и Црна Гора.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-08.jpg

Имаше денови кога возев само 30тина километри, а понекогаш и повеќе од 120km на ден, во просек се работеше за уживање, а не спортско натпреварување, па оставав спонтано секој ден да одлучам каде ќе сакам да ноќевам... Често изолиран од луѓе во природа, планини, плажи, но исто така во многу кампинзи, хостели и хотели.

Најслободно се чувствувам во својот шатор, а омилен вид на смештај во градовите ми се хостелите, се разбира поради можноста да запознаам млади луѓе со ист светоглед.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-04.jpg

Како ти изгледаше еден просечен ден?

Во просек еден обичен ден на пат изгледа вака: Будење со изгрејсонце, појадок бр. 1, пакување на кампот, почеток со возење (отприлика активно 4-5 часа на ден), пауза за кафе и појадок бр. 2 (вообичаено некоја пекарница), повторно на велосипед (доколку температурите се високи, пауза во периодот од 12-16:00 часот), ручек и почеток на потрагата за смештај или место за кампување, поставување на камп и по можност пливање во море, река, езеро и туш, припрема на вечера и спиење.

aleksandar-markoski-so-velosiped-pominav-11-zemji-i-izvozev-3-800km-za-76-dena-spiev-vo-shator-hosteli-i-hoteli-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме бл... „Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега ...
Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
Александар Белов за татковството: „На ќерка ми ѝ читам приказни навечер, ја хранам и ја преоблекувам... „Се сеќавам еден ден почнав да ја заспивам ќерката, но сум заспал пред неа. ...
Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 3... „Сум имала незгодни ситуации со костимите, да го згазнам или да повлечам некој д...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg