Интервју со дуото ДНК: Панчо во кафеана ја нарачува „Недеља“ од Џеј, Андреј вели дека уште се истите како пред 20 години

Велат дека воопшто не се променети како луѓе во овие 20 години кариера, Андреј раскажа интересна случка за неговото прво летање со авион со Панчо, кога влегол во кабината на пилотот. Признаваат дека Панчо презема повеќе ризици и се бори за иднината на ДНК, а двајцата се посветени родители и си ги носат децата на концерти – интервју за CRNOBELO.com со дуото ДНК, непосредно пред нивниот концерт по повод 20 години на музичката сцена.

intervju-so-dnk-crnobelocom.jpgфото: Стефан Рајхл

Македонското РНБ поп дуо ДНК, годинава слави 20 години од своето постоење на нашата музичка естрада, а јубилејот ќе го прослават со голем концерт на 3-ти декември во арената Борис Трајковски. 

intervju-so-dnk-crnobelo-02.jpg

По повод нивната 20-годишна успешна кариера и активно постоење на музичката сцена, поразговаравме со Владимир Блажев - Панчо и Андреја Ѓорѓиески - Андреј, кои ни открија интересни детали за себе како личности, за тоа како функционираат како дуо толку време и кои се нивните планови во иднина. 

Андреј раскажа интересна случка кога првпат летал со авион за настап во Италија, а Панчо го преплашил, па морал да се напие и на крај завршил во кабината на пилотот.

intervju-so-duoto-dnk-pancho-vo-kafeana-ja-narachuva-nedelja-od-djej-andrej-veli-deka-ushte-se-istite-kako-pred-20-godini-.jpg

Панчо откри дека нема песни кои не сака да ги изведува, освен „Уште еден ден“, која е напишана за неговата покојна мајка, на чија изведба го совладуваат емоции.

За улогата на родители, Панчо признава дека не оди на родителски, но го носи поголемиот син на концерти, а Андреј едвај чека ќерката да му дојде на концертот по повод 20 години ДНК.

Во продолжение проследете го интервјуто со Панчо и Андреј од ДНК... 

Колку ДНК се промени во последните 20 години? Направете кратка споредба од почетоците и денес.

Панчо: Па ко луѓе слободно можам да кажам дека сме истите. Искрени, дружељубиви, колегијални и воопшто непроменети по тоа прашање. Со еден збор нормални луѓе како и сите останати.

Што се однесува на музички план секако дека сме променети бидејќи за да опстанеш цели 20 години мораш да ја следиш и пратиш „играта“, а воедно и да еволуираш.

Реално кога си долги години на сцена, а веќе си постигнал сè во државата, најтешко за еден артист или бенд да го одржи нивото и според мене е најубаво да секогаш бидеш некаде во средина. Не за џабе рекле старите „ЗЛАТНА СРЕДИНА“ во која сме ние скоро секогаш. Никогаш не сме биле ѕвезди и тој епитет и примат го оставаме на некој на кого тоа му е битно.

Андреј: Јас мислам дека промените највеќе се приметуваат во стиловите и жанровски различните над 60 песни кои досега сме ги издале, инаку ние воопшто не сме сменети сè уште сме истите двајца Андреј и Панчо од пред 20 години.

На кои успеси сте најгорди во последните 20 години, а што би направиле поинаку ако имате можност да го вратите времето?

Панчо: Па има многу работи на кои сме горди. Јас сум најгорд на тоа дека имаме влијание кај одреден круг на луѓе и кога и да помагаме на луѓе кои имаат потреба од помош, допира до останатите и побрзо се решаваат ситуациите.

Исто така горд сум дека сме останале фамилија со Андреј цели 20 години, сме извадиле 4 албуми, едно the best off издание, ДВД од концерт и сме направиле самостојни концерти во универзална сала (акустичен) и два во Метрополис арена.

Сега на 3.12 имаме огромен предизвик пред нас во Борис Трајковски па можеби ова ќе ни биде најголемиот соло концерт кој воопшто сме го имале со оглед на капацитетот на салата.

Андреј: Она на што јас сум посебно горд е дека прво издржавме 20 години на музичката сцена, потоа издадовме 5 албуми, изреализиравме 3 големи концерти, 2 на саем и еден анплагд во Универзалната сала и имавме илјадници настапи како низ нашата земја, така и надвор од неа, така да ништо не би сменил од сè ова.

Раскажете ни некоја интересна случка од настан или зад сцена, што никој не ја знае.

Панчо: Има многу такви, но чим не ги знаат сигурно и не треба да излезат и некогаш не сèмора да знае јавноста нели? :)

Андреј: Еве една пред нашиот настап во Италија. Првпат летав со авион 2003-та и Панчо како поискусен со авионите од мене ме преплаши со изјавата „тоа е брат сега сме само ние, пилотот и Господ“, а за беља имаше многу турбуленции и да за да го убијам стравот се напив некоја чашка алкохол, по што имав голема потреба од физиолошки потреби и место во тоалет, влегов кај пилотот, по што настана узбуна и по мене трчаа еден куп стјуардеси да ме преусмерат…

Кој од двајцата најчесто доцни?

Панчо: Порано Андреј беше тој, но во последно време е сè поажурен. И немаме такви проблеми. Генерално никогаш сме немале и сме биле точни, но ако треба да одберам тоа е Андреј. Се случило и јас да доцнам нели, но ретко се случува.

Андреј: Двајцата сме одговорни и многу ретко се случило да задоцниме на проба камоли на некој битен состанок или настан.

Која песна секогаш ја нарачувате кога ќе се расположите?

Панчо: Ретко имам време да одам во кафана, во рестораните кои ги посетувам генерално секогаш иде некоја музика која не е кафанска, но ако треба да одберам ја нарачувам но и често знам да ја отпеам „Недеља“ од сега веќе починатиот балкански боем Џеј Рамадановски.

Посебно значење има таа песна за мене и како што кажав знам често да ја испеам и во друштво на најблиски.

Андреј: Јас ретко излегувам, но кога ќе решам да излезам тоа е дефинитивно на некој од настапите на нашиот Наум Петрески и обавезно знам да го замолам да ја изведе „Ноќва Пеам Само За Неа“.

Кој од двајцата е секогаш подготвен за ризици (во кариерата, но и приватно), а кој повеќе сака да размислува и анализира?

Панчо: Јас секогаш ризикувам но претпазлив сум. Јас сум тој што ги поместува границите дури и кога изгледа невозможно. Анализирам, мислам, но и ризикувам. Или со еден збор гледам да е ризикот доста анализиран пред да се преземе, но ја сум тој што сече.

Андреј: Тоа е дефинитивно Панчо. Он е тој кој сиве овие години активно се борел за иднината на ДНК, а за тоа било потребно многу труд и напорна работа. Јас сум тој кој е пасивен од нас двајца.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg