Сашка, хумана кавадарчанка: „Една перика изработувам цел месец, сум донирала и на 7-годишно девојче болно од рак“

„Ми заѕвони телефонот едно утро, уште во 7 часот, кревам и слушам детски глас од таму и на цел глас: „Теткааа Сашкааа“, толку е, ОЗДРАВЕВ. Благодарејќи на тебе и мајка ми, јас сум здрава… Ама да знаеш периката ќе си ја врамам да ме потсетува на тебе и што сè направи за мене“, споделува Сашка Кузманова (33) од Кавадарци за CRNOBELO.com за еден од најемотивните мигови со онколошките пациенти на кои им донира перики и им помага во најтешкото.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-01.jpg

Сашка Кузманова (33) од Кавадарци е сопственик на компанијата ИНФИНИТИ ЛАЈФ КС Кавадарци за изработка на перики од природно влакно, наменети за онколошките пациенти, односно за сите оние коишто се соочуваат со најтешката болест – рак.

Таа постојано донира перики на онколошките пациенти, а во интервју за CRNOBELO.com открива како почнала да се занимава со ова.

Сашка Кузманова споделува за својата хумана мисија:

Имаш ли некој онколошки пациент од твоето семејство или кругот на пријатели? Како всушност дојде до идејата за изработка и донирање на перики од природно влакно?

Долги години се занимавам со хуманитарна работа, со тоа што секојдневно почнав да се соочувам со лица коишто ја водат оваа борба, меѓу коишто и мои блиски.

Секој ден почнав да слушам за тоа како терапиите се скапи, перики има синтетички коишто се поевтини и им предизвикуваат иритации на скалпот, а природните се многу скапи и не можат да си ги дозволат.

Па, почнав да размислувам на таа тема како јас да им помогнам, да им го олеснам патот до тие перики. Почнав да пребарувам на интернет, да се распрашувам дали кај нас некој изработува, сè со цел да ме научи.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-21.jpg

Но, за жал, наидов на тоа дека кај нас никој не изработува перики од природно влакно. Потоа почнав да барам надвор од Македонија и да воспоставувам контакт со компании и лица кои изработуваат перики.

Обуките за изработка беа толку многу скапи, а беше и лош момент – екот на ковид кризата . Сè изгледаше безнадежно, сè до одреден момент додека не ми напиша една постара госпоѓа, којашто не живее во Македонија, а порано изработувала перики и сакала да ме научи да изработувам.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-14.jpg

Јас бев пресреќна! Сега моментот беше како јас ќе научам – обуките треба да се онлајн.

Но, се помина во најдобар ред и после година и пол јас веќе бев спремна за изработка на тие перики. Благодарејќи на таа госпоѓа којашто ми го покажа патот за нивна изработка.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-06.jpeg

Тешка ли е изработката, колку време изработуваш една перика? Колку природна коса е потребна за една перика и дали луѓето донираат коса? Како стапуваш во контакт со нив?

Периките се изработуваат рачно, влакно по влакно и процесот е многу макотрпен. Со оглед на тоа како што веќе кажав се изработува влакно по влакно, тоа укажува дека се изработуваат за подолг временски период, односно од 21-31 ден плус минус.

За да се изработи една перика се потребни од 7-12 репа коса.

Уште кога почнав да го реализирам овој проект почнав да воспоставувам контакт и со сите фризерски салони, да им ја кажувам мојата идеја и сум преблагодарна на сите фризерски салони и граѓаните низ Македонија, а и зачудувачки, надвор од Македонија, коишто секојдневно ја поддржуваат мојата идеја и донираат коса.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-22.jpg

Периките се изработуваат по нарачка, односно секоја глава е различна големина и затоа со секој пациент јас се запознавам лично, земам мерки, се договараме за бојата, претходно земав само коса со природна боја, но, сега во последно време почнав да собирам и фарбана коса, сè со цел некој пациент ако имал претходно фарбана коса да ја користам таа, а природната нефарбаната да стои да не ја оштетувам и пота почнувам со изработка на периката.

Со тоа што пациентите ми доставуваат и фотографија како претходно им била косата, и врз основа на таа фотографија ја изработувам периката . 

Секогаш ама секогаш, периките ги изработувам според фотографијата и сакам да е горе-долу слична како нивната коса. Затоа што тоа и ми е целта, тие да се чувствуваат убаво, а и природно. Како што биле пред тоа.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-12.jpeg

Дали лично ти ги доставуваш периките? Колку е емотивен мигот на предавањето и ставањето на периката за првпат, на глава соголена од хемотерапија?

Кога ќе стигнеме до готова перика, секогаш периката ја ставам јас лично, сè со цел да им покажам како се става, затоа што има како клучалка за закопчување на периката, односно за приспособување на главата да биде постигната или полабава, но, верувајте тој момент на измешани емоции не се опишува. 

Првиот момент кога пациентката ќе се погледне во огледало, со коса, а косата е иста како што била пред тоа е многу емотивен.

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-07.jpg

Почнува да плаче од среќа и има многу, многу емоции. Малку се зборовите што би можеле да го опишат тоа, може само да се доживее…

Секој пациент со својата мака и приказна за себе. А јас тука како нивна поддршка секогаш да ги сослушам. Секој момент е емотивен, а и секоја реакција различна, но допира директно во срцето. 

sashka-humana-kavadarchanka-edna-perika-izrabotuvam-cel-mesec-sum-donirala-i-na-7-godishno-devojche-bolno-od-rak-11.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Сакав да си го одземам животот по несреќата, но добив втора шанса“: Златко од Виница по ампутацијат... „Во болница сум бил донесен во клиничка смрт. Ме оперирале и префрлиле на интенз...
Семејство од Македонија ги прави најубавите слатки во Малта: „Локалците се заљубени во нашите специј... „‘Mamma’s Sugar’ е семеен бизнис кој го креиравме јас, мајка ми, татко ми и брат...
Марина Стојановска, некогашен ПР менаџер: „Фановите најбурно реагираа на Врчак, Панчо од ДНК е најго... Од Врчак, Андреј и Панчо ДНК, Влатко Лозаноски, Тамара Тодевска, Адријан Гаџа, Н...
Антониа Гиговска за CRNOBELO: „Киан ни дојде во вистински момент, најтешко ми е станувањето рано, ба... „Живееме сами, но мајка му и татко му на Роберт живеат еден кат над нас и тие се...
„Мој омилен десерт е 'фореста нера' со пенливо розе“: Интервју со еден од најдобрите слаткари на све... Тој е еден од најдобрите слаткари во светот. Маестро Федерико Анцелоти неодамна ...
Александра Добреска живее 15 години на Миконос: „Сопругот е Грк кој го запознав овде, пливаме преку ... „На Миконос првпат отидов во 2008-ма на мои 19 години. Истата година се запознав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg