Семејство од Македонија ги прави најубавите слатки во Малта: „Локалците се заљубени во нашите специјалитети“

„‘Mamma’s Sugar’ е семеен бизнис кој го креиравме јас, мајка ми, татко ми и брат ми. Во моментов се подготвуваме за отворање на уште една продавница во срцето на Малта, Спинола беј, во Сент Џулиенс“ – вели во изјава за CRNOBELO.com, Ален Осман, момчето кое на Малта успеало да започне успешна бизнис приказна и да креира бренд што е доста препознатлив.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-01.jpg

Најубавите слатки и тостови на Малта ги прави семејство од Македонија. Ален Осман од Скопје заедно со неговото семејство успеале да го креираат брендот „Mamma’s Sugar“, каде што се прават еклери, баклава, бајадера, цели торти и други видови слатки, карактеристични за балканската и македонската кујна, но и тостови какви што никој на Малта претходно не видел.

Во интервју за CRNOBELO.com Ален раскажува за тоа како дошле до идејата да започнат сопствен бизнис на островот и како за нешто повеќе од година и половина успеале да креираат успешен бренд, па веќе се подготвуваат да отворат втора локација и имаат понуда од неколку други земји да отворат своја франшиза и „Mamma’s Sugar“ да стане интернационален бренд.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-02.jpg

Ален Осман (29) во 2016-та година се преселил на Малта, а по професија е дипломиран менаџер за хотели и ресторани и дипломиран готвач.

Своето знаење за угостителската индустрија го споил заедно со рецептите на мајка му и заедно со останатите членови на семејството успеале да креираат бренд којшто за брзо време стана мошне познат и популарен на островот.

Компанијата соработува и со фондацијата Structure основана од поранешната претседателка на Малта, Марија Луис Колеиро, се вклучуваат во активности за собирање донации за најранливите категории граѓани и секоја година по повод Денот на аутизмот, учествува во хуманитарен настан, а сите средства што се собираат се донираат за фондацијата.

За учеството, „Mamma’s Sugar“ добила благодарница дури и од поранешната претстедалка на Малта, а тоа што се вклучуваат и поддржуваат деца со посебни потреби е поздравено од локалното население.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-03.jpg

Ален Осман споделува детали за CRNOBELO.com:

Од каде идејата за да отворите македонска слаткарница во Малта?

„Mamma’s Sugar“ е семеен бизнис кој го креиравме јас, мајка ми, татко ми и брат ми. Идејата за бизнисот ја добив јас, затоа што работев подолг период во кетеринг индустријата на Малта. Значи од 2016-та година живеам на Малта и работам во угостителските објекти низ Малта.

Јас работев како менаџер во повеќе локални, доста големи ресторани на Малта и сакавме да отвориме нешто поразлично и тоа беше слаткарница во којашто сѐ ќе биде свежо подготвено, ништо нема да биде замрзнато, со рецептите на мајка ми.

Затоа за една година и шест месеци, колку што постоиме сме доста популарни низ целиот остров.

Исто така, на островот веќе има македонски ресторан којшто функционира и работи на две локации, но немаше слаткарница, така што решивме дека можеме малку повеќе да им понудиме на локалните луѓе во делот на слатките.

Името на слаткарницата доаѓа затоа што мајка ни е таа што ги прави слатките, а под логото стои натписот: „Because Mamma knows the best“ (Затоа што мама најдобро знае).

Сега за сега имаме одличен фидбек. Постоиме година и шест месеци, имаме голем број различни продукти - наши, но и интернационални коишто се прават и во другите земји.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-04.jpg

Кој работи во слаткарницата? Дали станува збор за семеен бизнис или имате и свои вработени?

Слаткарницата се наоѓа во центарот на Малта, станува збор за мала продавница со 7 до 8 маси за седење и со поглед на марината во Тешбиш.

Сите фамилијарно работиме и имаме уште 4 лица вработени во компанијата. Едно девојче што работи внатре во кујна и уште тројца што се вклучени во продажбата.

Во моментов се подготвуваме за отворање на уште една продавница во срцето на Малта, Спинола беј, во Сент Џулиенс која што ќе биде отворена во наредните 60 дена, така што за многу краток период се шириме и со втора локација на островот.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-20.jpg

Дали освен слатки нудите и некои други специјалитети, што е она по што сте препознатливи?

Ние моментално освен слатки, правиме и произведуваме тостови, наши скопски тостови коишто се со големина од 23cm.

Доаѓаат со доста различни видови состојки внатре во нив: од шунка кашкавал, мисиркино месо со кашкавал, пршута и кашкавал, имаме и само со кашкавал и нормално кечап и мајонез и сите останати состојки што се дадени како опција за нив.

Нашите клиенти доста добро реагираат на тостот. Доста од нив на почетокот беа зачудени од видот на лепче и големината на тостот.

Голем број доаѓаат на појадок за да јадат тост. Има доста наши Македонци коишто доаѓаат да ги пробаат и сѐ на сѐ имаме одличен фидбек од тостовите. Тоа е нешто што е поразлично, нешто што ги привлекува луѓето да дојдат и да го пробаат.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-26.jpg

Од каде се гостите што најчесто доаѓаат да ја посетат слаткарницата и кој специјалитет најчесто го бараат?

Гостите се околу 60% локалци, а сè останато се балкански луѓе и од останатите националности.

Најпознат продукт којшто моментално се продава се еклерите коишто се направени со ванила крем внатре, како што ги прават во Скопје и во Македонија, но се малку поразлични затоа што имаат различни видови кремови одозгора.

И исто така трилечето е многу познато. Бидејќи спаѓа во групата на јужноамерикански десерти како „tresleches“ имаме многу луѓе од Латинска Америка коишто доаѓаат за него, така што сме доста популарни и доста различни видови на луѓе и националности има коишто доаѓаат како гости кај нас. Од локалци, до Италијанци, до Французи, Колумбијци, Шпанци, Норвешка...

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-27.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg