Ведрана Стојановска, експерт за личен развој: „Светот денес е во голем дисбаланс затоа што станавме сè освен луѓе“

„Секогаш давам совет – што подалеку од манипулатори кои глумат жртвено јагне или се жалат и кукаат. Ако имаме вакви луѓе без разлика дали блиски роднини, или пријатели, поготово партнер… Оттргнување. На никој не му е потребен човек кој ќе му ја цица креативната животна енергија. Тоа е само сигурен пат кон душевна и животна бездна“ - вели за CRNOBELO.com Ведрана Стојановска е експерт за личен развој и инструктор по јога и открива како да направите промени кај себе за подобар живот. 

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 9

Ведрана Стојановска е експерт за личен развој и инструктор по јога, која верува дека судбината на секој од нас лежи во навиките и карактерот кои доминираат кај секој поединец.

Автор е и на психолошкиот прирачник „Мој личен развој“ – водич за среќен живот кој има за цел да ги насочи луѓето во менување на своите навики и подлабоко да се допре до себеси и своите соништа.

Ведрана за CRNOBELO.com зборува за секојдневните препреки и тешкотии со кои се соочува модерниот човек...

Разговорот ќе го започнеме со твоите почетоци – кога од денешна гледна точка ќе се осврнеш спрема минатото, каков животен пат мораше да поминеш за да станеш она што си денес?

Ух! Мислам дека не постои човек кој не се соочува со некое свое лично минато и животно искуство кое на каков било начин не влијаело врз оформувањето на неговата личност.

Но мојот личен животен пат, можам да кажам дека не беше баш лесен.

Многу искушенија, препреки, тежини, товари, ограничувања, соочување сама со себе, со многу луѓе кои не ми мислеа баш најдобро, а низ сето тоа огромна жртва, самодисциплина, учење и практикување јога, затоа што покрај авторството и едукацијата што ја пренесувам, сум и јога учител, па самото тоа бараше лична садана, редовна пракса која како учител мора да ја имаш без разлика на тоа што ти се случува во приватниот живот.

Но, и покрај сите искушенија, секогаш се стремев да го живеам она што го пишував и во МОЈ ЛИЧЕН РАЗВОЈ.

Без разлика на сè, се трудев да останам со позитивна вера, фокус и непоколеблив дух низ искушенијата. Веројатно, тоа и ме создаде во тоа што сум денес.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 6

Се сеќаваш ли на клучниот момент кога сфати дека одговорите на сите прашања се наоѓаат внатре во тебе и кога започнаа првите, но видливи промени во животот?

Да, се сеќавам, живеев живот целосно спротивен од овој денес, бев целосно несреќна, во љубовен однос кој беше токсичен, бев ставена во околности во кои морав да изберам, или ќе живеам за себе, или ќе живеам за другите.

И веројатно предолгото страдање во живот во кој не бев среќна ме доведе до тоа да загризам еднаш засекогаш и да се ставам на прво место и да тргнам кон животот кој внатрешно некако како отсекогаш да го посакував.

Иако тогаш не знаев дека ќе стигнам до овде и ова што сум, сепак имаше нешто што длабоко ме влечеше и воедно водеше кон сите тие промени.

Затоа и денес најмногу ја пренесувам таа духовна вера и водство на душата која сите ние длабоко ја имаме во себе.

Затоа што сите сме дел од таа Божја космичка интелигенција, Бог, извор, творец, кој на некој начин промислил нешто за сите нас, но за жал не сите луѓе тргнуваат вистински да го следат тој внатрешен повик.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 1

Со кои „проблематични“ мисли и убедувања постојано се соочуваше на почетокот? Како успеа да излезеш на крај со нив?

Со многу лични мисли и соочувања кои не беа баш пријатни.

Денеска пренесувам знаење и нешта кои се надвор од рамките на општествените норми да кажеме, па и образовниот систем и воспитанието од нашите родители, а за сето тоа да го пренесеш бара и многу голема самодоверба, вера во себе, во својот пат и храброст вистината да ја изнесеш пред многу луѓе, секакви луѓе, кои растени во слични околности и менталитет во Македонија, често наидував и на мнооогу критики и осуди.

Воедно имам и мој YouTube канал во кој зборувам за духовни и животни теми, а како општество сме многу затворени во тој поглед, па самиот тој пат донесе и многу внатрешни реубедувања, преиспитувања и внатрешни борби.

Но, сето тоа е воедно и една огромна одговорност, бара претпазливост што може и треба да се сподели.

Но сметам дека кога одиш со една чиста намера и искрена љубов да помогнеш на друг човек, потоа некако патот лесно те води што треба, а што не да кажеш или пренесеш.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 3

Свесни сме дека на глобално ниво скоро секој поединец се соочува со внатрешни блокади и не толку пријатен однос кон себеси, па кои се првите чекори до поместување на тие граници и воспоставување на еден попријателски однос со самиот себе?

Светот денес е во голем дисбаланс затоа што како луѓе, станавме сè освен луѓе.

Се разбира не генерализирам, има прекрасни луѓе кои се исклучоци и кои ја држат надежта на суштинските вредности, меѓутоа човекот во денешницата живее помеѓу многу алчни, себични, манипулаторски поединци, газди, менаџери, надредени… 

Од друга страна работи или живее со негативци и луѓе кои постојано се жалат и само нешто кукаат.

Живееме и во денешница во која лошите вести се најчитани, се изгуби слободата, автентичноста и искреноста помеѓу луѓето, некои површни нешта станаа ИН, а луѓето (обичниот мал човек) дел преживуваат, дел едвај крпат крај со крај, мирот стана непознат поим, а присиленото живеење на одреден начин стана навика.

Сето тоа го доведе човештвото во дисбаланс, недоверба во системот, образованието, политиката, светот стана отуѓен, ладен и себичен.

Ова неслучајно го напоменав затоа што на човекот поради сето ова му е многу тешко да направи промена (барем тука во Македонија е така), премногу е растресено тлото под нозете за егзистенцијата, но и глобалните вести од сите страни придонесуваат дополнително… да кај многу луѓе чекорот за промена стана една голема пауза, со надеж дека некогаш таму во иднината ќе ја направи.

Се разбира дека има исклучоци на храбри поединци, но со денешниот свет, тоа се навистина поединци кои решиле да не бидат робови на општествениот систем.

Првите чекори за поубав однос кон себе е најпрво стекнување на доверба во себе, вера, развој на своите способности и предности, за потоа храброста да дојде природно кога на човек ќе му стане преку глава од дозвола да живее живот кој не го сака или во околности во кои не е вреднуван или ценет.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 4

Манипулацијата постои насекаде околу нас, но како да се согледа манипулативна личност помеѓу нашите блиски?

Еден манипулатор најдобро се чувствува по енергијата. Со овие луѓе чувствуваме дека нешто не ни се допаѓа или дека сме народски кажано постојано како некоја „будала“ во нивните очи.

Кога манипулаторството постои помеѓу нашите блиски луѓе, може да ги процениме по неколку нешта:

  • Ја префрлаат вината на нас за што било.
  • Имаат очекувања од нас, кои ако не ги исполниме потоа се незадоволни или конфликтни.
  • Знаат да се жалат и кукаат за нешто и притоа бараат од нас поддршка, советување или рамо за плачење.
  • Знаат да нè прават „будала“ за нешта кои ги направиле или кажале за да извлечат своја корист или да спасат глава од одговорност.
  • Глумат жртвено јагне.
  • Оптужуваат сè наоколу, а притоа не преземаат ништо кај себе да променат.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 2

На истите луѓе најчесто се гледа и како на „цицачи на енергија“, како е најлесно да се заштити човекот од нив?

Секогаш давам совет – што подалеку. Ако имаме вакви луѓе без разлика дали блиски роднини, или пријатели, поготово партнер… Оттргнување. На никој не му е потребен човек кој ќе му ја цица креативната животна енергија.

Тука како души сме дојдени позитивно да си помагаме едни со други, да си размениме некој убав збор, мисла, идеја, да растеме и да напредуваме, а тоа постојано влечење еден со друг, жалење и манипулирање во односите е само сигурен пат кон душевна и животна бездна.

Денеска најмногу работа мислам дека имаат психолозите и психијатрите. Зошто е ова вака?! – Затоа што луѓето најмногу страдаат од меѓучовечките односи.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 11

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg