Катерина Ангеловска, тренер за личен развој: „Се преправаме дека животот ни е совршен, а вистината е далеку од тоа – работете на себе“

„Сакаме работите да ги добиеме веднаш. Секоја порака и секој лајк што го добиваме нè наградува и прави да се чувствуваме убаво, па стануваме зависни од тоа. И доколку тоа задоволство  се намалува, тогаш предизвикува тага, депресија, анксиозност и лошо здравје. И тогаш луѓето задоволствата ги бараат во лековите, алкохолот, цигарите, дрогата, храната, коцкањето, социјалните медиуми. Прифатете ја вистината дека вие сте одговорни за сè што ви се случува во вашиот живот. За вашите мисли, емоции, чувства, одлуки, зборови...“ - вели Катерина Ангеловска за CRNOBELO.com и советува како да си го подобрите животот. 

katerina-angelovska-trener-za-lichen-razvoj-se-prepravame-deka-zhivotot-ni-e-sovrshen-a-vistinata-e-daleku-od-toa-rabotete-na-sebe-01.jpg

Катерина Ангеловска е тренер за личен развој и мотивациски говорник, а во продолжение следува разговор со неа, каде за CRNOBELO.com открива како најлесно да се замине на патување по лична вистина, што значи да се има одговорност за себеси и кои асани и медитации да се практикуваат.

Катерина, вашата книга „Будење на свеста“ зад која стоите како автор заедно со Радован Витошевиќ, неодамна излезе од печат и во Србија. Што значи за еден автор да биде преведен и на други јазици?

Целиот процес на создавање на ова дело беше полно со љубов, посветеност и инспирација. Бескрајно сум благодарна на сите убави зборови и коментари кои ги добивме, и сè уште ги добиваме и после неколку години од нејзиното објавување.

Имам впечаток дека публиката по читање на книгата ја има истата енергија и емоција која и ние ја имавме кога ја создававме книгата, што значи дека сме направиле добро дело.

Благодарна сум и среќна што книгата „Будење на свеста“ си го најде својот пат, не само во Македонија, туку и надвор од границите на нашата држава, зошто оваа книга не е обична книга, туку е книга која е искрена и чиста.

Книгата пред некој месец ја доби и својата промоција во Белград, и истата може да се набави во електронска и во печатена форма, преку издавачката куќа www.sezambook.rs.

Книгата беше промовирана исто така и на англиски јазик, и е достапна во повеќе земји преку официјалната меѓународна веб-страна www.awakeningconsciousness.com, исто така на Amazon, и буквално на сите светски платформи за книги.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 10 copy

10.000 продадени примероци од „Будење на свеста“ во Македонија и награда за книга на годината, како вие како автор гледате на овие бројки и признанија и што тие значат за вас?

Најдрагоцено ми е кога ќе препознаам дека оваа творба, како и мојата енергија, љубов и посветеност влијае на публиката.

Дека барем со еден збор сме придонеле светот да биде подобро место за живеење.

Тоа за мене е нераскинлива врска и награда да творам и понатаму со уште поизразена страст, одговорност и љубов.

 BeFunky collage 14

Кога сме веќе кај „Будење на свеста“ пред некое време ја објавивте и онлајн мастер програмата со истиот наслов како и книгата. За кого е наменета програмата? И кои се придобивките од истата?

Онлајн мастер програмата Будење на свеста е всушност дигитална екстензија на книгата „Будење на свеста“.

Кога излезе книгата „Будење на свеста“, уште тогаш имав идеја да создадам онлајн програма која ќе биде продолжение на книгата, во која ќе може подлабоко да се навлезе во нејзината содржина со вежби, медитации и слично.

Во оваа програма одвоив 8 теми кои верувам дека се фундаментални во процесот на личен развој, и истите ги надополнив со работни вежби и водечки медитации (снимени со мојот глас).

Целта на програмата е да се поттикне личната и духовна трансформација, која ќе помогне да го земете кормилото повторно во своите раце и да живеете во љубов и хармонија.

Инаку оваа програма е за сите оние кои сакаат да доживеат внатрешен мир и да креираат живот со леснотија.

За сите оние кои веќе се на патот на себесознавање како и за сите оние кои досега не се сретнале со темата будење на свеста.

Ова се само дел од придобивките од оваа програма: поголема самодоверба, намалена вознемиреност, подобрена рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, намален стрес, поголемо задоволство од работата, внатрешен мир, подобра комуникација и слично.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 3

Секој од нас постојано се наоѓа на животна раскрсница и тешко може да се одлучи по кој пат да тргне. Како човекот најлесно да замине на тоа патување по личната вистина и како да се соочи со препреките кои ќе му се испречат?

Живееме во време каде сме обучени да бидеме ориентирани кон целта, да постигнуваме сè нешто, да бидеме конкурентни и да целиме кон материјален успех.

Поминуваме многу време од животот правејќи работи и обидувајќи се да ги промениме нештата. И на тој начин ја губиме комуникацијата со нашата внатрешна природа, со нашата интуиција, со нашата душа.

Затоа е исклучително важно да се свртиме кон себеси, да бидеме повеќе во битисување, во постоење, наместо во правење.

И тогаш ќе можеме да го слушнеме внатрешниот глас кој ќе ни ја покаже нашата лична вистина, ќе ни го покаже нашето зошто. Зашто кога го знаете своето зошто како е само прошетка во паркот.

Не постои лесен или тежок пат за било што и за било кого. Патот е единствен и уникатен за секој поединец.

Наместо да се провлекувате низ животот без трошка полет, без емоција на радост, и да си велите: „Оооо не зар уште еден ден“, запрашајте се:

„Дали наутро кога ќе ви заѕвони будилникот се будите со насмевка и благодарност да го прегрнете тоа што денот ви го нуди? Дали живеете во согласност со сопствените потреби и дали правите промена во светот? Дали се радувате на тоа што ве опкружува и на врските со луѓето кои секојдневно ги сретнувате?“

Ова будење на свеста за кое веќе подолго време зборувам и творам, е будење на личната моќ и вистина, која ќе ви помогне да постигнете нова свесност, да бидете делотворен канал на универзумот и да го живеете животот по своја сопствена замисла.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 8 copy

Изгледа многумина имаат тешкотија да ја преземат одговорноста за сопствениот живот. Кои се клучните нешта што секој од нас треба да ги сфати за најпосле да ја согледа одговорноста што ја има спрема самиот себе?

Живееме во свет на моментални задоволства во кој никој нема трпение. Денешната технологија и социјалните медиуми ни дозволуваат да ставаме филтри, лажно да го претставуваме својот живот.

Се преправаме дека животот ни е совршен, а вистината е далеку од тоа. Сакаме работите да ги добиеме веднаш. Секоја порака и секој лајк што го добиваме нè наградува и прави да се чувствуваме убаво, па стануваме зависни од тоа.

Сакаме инстантни задоволства, зависни сме од хормоните допамин и серотонин. И доколку тоа задоволство и моментално расположение се намалува, тогаш предизвикува тага, депресија, анксиозност и лошо здравје.

И тогаш луѓето задоволствата ги бараат во лековите, алкохолот, цигарите, дрогата, храната, коцкањето, социјалните медиуми. Имаме апликации за сè, па дури и за пронаоѓање на нов партнер.

Сите наши способности можат да станат неограничени доколку не поставиме лимит на одговорностите во нашиот живот и истите да ги бараме надвор од нас.

Прифатете ја вистината дека вие сте одговорни за сè што ви се случува во вашиот живот. За вашите мисли, емоции, чувства, одлуки, зборови, дела, преземени акции, резултати.

За да ја создадеме посакуваната реалност, пред сè потребна е лична одговорност за сопствениот живот и сопствените резултати.

Одговорноста пак ќе ни даде можност да се поврземе со нашата суштина, со вишото јас. Одговорноста ќе нè научи дека творечката сила на постоењето се наоѓа во нас и дека ние сме создавачи на сопствената реалност.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 2 copy

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg