Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту години, ниту време“

„Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуди и озборувања. Знаете кои се оние типични клише муабети, „Се мажи за пари!“, „Што знаe таа што е љубов на 18 години?“, но искрено не мислам дека постои дефиниција за љубовта која се учи на памет и мора да се знае. Tаа треба да се почувствува, а чувствата не бираат ни години, ни време, ни место...“, вели Ана од Битола за CRNOBELO.com.

bitolcankata-ana-za-crnobelo.com-ljubovta-treba-da-se-pocuvstvuva-a-cuvstvata-ne-biraat-ni-godini-ni-vreme-ni-mesto-01.jpg

Не плашете се, ние сме навикнати општеството да не критикува кога му „бодеме“ очи. Во секој случај ќе ве осудуваат, па затоа правете го она што мислите дека е најдобро за вас. Не барајте дозвола од озборувачите и лажните пријатели. Единствено сакајте и живејте го животот според вашите правила.

Обично рекле љубовта не бира ниту место, ниту време. Не очекувај и сè е можно додека постои магија. 

Кога станува збор за животните предизвици и предрасудите, тука е Ана Долевска (19) од Битола, која на 18 години му го кажа судбоносното „Да“, на својот сакан Антонио (23), кој живее во САД.

Антонио по потекло е од Битола, но роден е во САД, каде што живее со неговото семејство. Неговата професија е фамилијарен бизнис - ресторан за брза храна.

Антонио ја побара за жена саканата Ана кога таа имаше 18 години и штотуку заврши средно гимназиско образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Ана планира факултетското образование да го продолжи во Америка. Но, парот се соочил со низа критики за нивниот потег.

Во интервју за CRNOBELO.com Ана говори за патот на нејзината љубов, за борбата со предрасудите и озборувањата во училишниот ходник, како и за кажувањето „Да“, во прегратките на Ајфеловата кула...

Како започна вашата љубовна приказна?

Нашата љубовна приказна започна многу спонтано, најпрво целата комуникација беше пријателска но сепак се чувствуваше некоја посебна хемија и како двајцата да знаевме дека тоа нема да остане само на обичен разговор во кафулето каде што јас работев.

На многумина не им се верува, но Антонио, мојот сегашен свршеник, уште при првата наша средба тврди дека почувствувал љубов на прв поглед.

Кога ќе ја запознаеш вистинската личност веднаш знаеш дека секој поминат предизвик на крајот ќе вреди, тоа ме научи целата наша врска на далечина, иако на почетокот јас бев доста несигурна дали може да опстои љубовта дури и кога живееш на два различни континенти.

Бев свесна за тоа дека ќе следуваат разделби и тешки мигови за двајцата но сепак, кога во прашање е вистинска љубов ништо не претставува тешкотија, сè поминува лесно затоа што се присутни разбирањето, довербата, трпението и поддршката. И секогаш кога ќе помислиме да се откажеме од нешто треба само да се сетиме на она дека „За добрите работи, треба време“.

bitolcankata-ana-za-crnobelo.com-ljubovta-treba-da-se-pocuvstvuva-a-cuvstvata-ne-biraat-ni-godini-ni-vreme-ni-mesto-02.jpg

Со што те освои?

Искрено ме освои со неговата посебна енергија, зрачеше со позитива, насмеан, комуникативен, културен.

Уште на нашиот прв состанок сфативме дека имаме многу слични интереси и цели во животот, сфативме дека и двајцата нè прават среќни истите работи. А она што можам да кажам дека е клучно кога станува збор за него е добрината, толку чиста, искрена и многу ретка. Тоа го прави посебен.

Те запроси во Париз пред Ајфеловата кула... Раскажи ми како се случи и колкаво изненадување беше тоа за тебе?

Ние двајцата уште на почетокот имавме заеднички планови за иднината. Знаевме дека ќе чекориме низ истата патека во животот. Па, можам да речам дека запросувањето не беше неочекувано.

Самиот момент е неопислив, една од најубавите работи во животот е кога ќе го видиш човекот од твоите соништа клекнат со прстен во раката. Тогаш се почувствував како сите желби да ми се остварија, малку е да речам дека бев пресреќна.

bitolcankata-ana-za-crnobelo.com-ljubovta-treba-da-se-pocuvstvuva-a-cuvstvata-ne-biraat-ni-godini-ni-vreme-ni-mesto-03.jpg

Кога те побара за жена ти беше четврта година средно... Со какви проблеми се соочи и дали ти беше тешко поради озборувањата од врсниците?

Да, секако дека имаше премногу негативни коментари, предрасуди и озборувања. Знаете кои се оние типични клише муабети, „Се мажи за пари!“, „Што знаe таа што е љубов на 18 години?“, но искрено не мислам дека постои дефиниција за љубовта која се учи на памет и мора да се знае. Tаа треба да се почувствува, а чувствата не бираат ни години, ни време, ни место.

Ми беше тешко, затоа што првпат се соочив со вистинската злоба и завист на луѓето.

Се прашував зошто мора секогаш да се поставуваат граници за тоа на колку години е правилно да стапиш во брак, се прашував зошто мора да постои стереотипот дека ако партнерот е од странство, тогаш сигурно е за пари. Но, за жал, тоа постоело и ќе постои.

Кога си најсреќен, заљубен, кога ги живееш најубавите мигови од животот, единствено што е важно е да се фокусираш тоа да трае, а луѓето секогаш ќе зборуваат и ќе осудуваат, без разлика дали твоите постапки се правилни или не.

А бидејќи за секој човек правилното или неправилното имаат различна дефиниција, останува само да ги правиме работите што нè прават лично нам задоволни и среќни.

bitolcankata-ana-za-crnobelo.com-ljubovta-treba-da-se-pocuvstvuva-a-cuvstvata-ne-biraat-ni-godini-ni-vreme-ni-mesto-05.jpg

Твојот свршеник живее во Америка, па колку ви беше тешко да ја одржите врската на далечина?

Секоја врска на далечина е тешка, особено во оние моменти кога посакуваш да ја споделиш среќата и тагата, затоа што една прегратка, еден бакнеж може да промени сè, а кога знаеш дека тоа не можеш да го добиеш во моментот кога ќе почувствуваш потреба, навистина е тешко.

Нашата врска успеа затоа што на самиот почеток си поставивме цел дека без разлика колку и да изгледа невозможно ќе се потрудиме да останеме заедно до крај, и тоа се случи.

Секојдневната комуникација, долгите разговори, средби на камера сето тоа нас ни стана секојдневие и навика, и на двајцата не ни поминуваше денот без да се слушнеме.

Како што спомнав и претходно кога љубовта е вистинска не постојат неминливи тешкотии, кога некој силно сакаш, кога на некој му веруваш, го поддржуваш и почитуваш на толкава географска далечина тогаш кога конечно физички ќе се споиш само небото ќе биде граница на заедничката среќа.

bitolcankata-ana-za-crnobelo.com-ljubovta-treba-da-se-pocuvstvuva-a-cuvstvata-ne-biraat-ni-godini-ni-vreme-ni-mesto-04.jpg

Се наоѓаш на една животна раскрсница па поради тоа, каде ќе го продолжиш твоето образование?

Моето образование ќе го продолжам во Америка, за професијата сè уште сум во дилема, но сепак имам уште малку време да одлучам.

Сметам дека образованието е доста важно за надоградување на карактерот и формирањето на личноста па затоа планирам да учам и постојано да се надоградувам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg