„Фановите мислат дека“ со Слаткар: „Моша ме врти околу малиот прст“
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
„Уште пред да се роди Моша престанав со вулгарности во песните. Ваљда пораснав, созреав“, вели Слаткар, кој демантираше дека песните му се „помеки“ затоа што сака да биде добар пример за синот. Што друго го прашаа фановите?

Марко Маринковиќ - Слаткар на големо се подготвува за заедничкиот концерт со Тони Зен, но најде време и за кратко видео интервју за CRNOBELO.com.
Му поставивме неколку прашања, врз база на претпоставките на неговите фанови, а тој дел од нив ни ги потврди, додека други работи ги демантираше.

Што погодија фановите за Слаткар, а за што не беа во право?
Погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
