Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Летачки автомобили, роботи-возачи: Најлудите работи што можете да ги видите на саемот во Шангај (фото+видео)

Автомобили чија внатрешност е како вселенски брод, роботи зад воланот, но и автомобили со вграден хеликоптер – саемот во Шангај е забавен и за оние кои воопшто не се заинтересирани за автомобилската индустрија.

letachki-avtomobili-roboti-vozachi-najludite-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-saemot-vo-shangaj-foto-video-01.jpg

Автомобилскиот саем во Шангај, познат како Auto Shanghai се одржува преку една година и важи за еден од најголемите, но и најважните саеми од овој тип.

На саемот, кој се одржува уште од 1985 година, учествуваат најпознатите автомобилски брендови од целиот свет и е вистински рај за ентузијастите.

Но, покрај стандардните модели на автомобили што се изложуваат, саемот стана препознатлив и по лудите технолошки иновации од кои повеќето изгледаат како да се од научнофантастичен филм.

Годинашниот саем беше отворен на 23-ти април, а она што го нудат производителите им е забавно и на луѓето кои воопшто не се заинтересирани за автомобили.

Покрај автомобилите чија внатрешност изгледа како вселенски брод, на саемот можат да се видат хуманоидни роботи, некои и зад волан.

Претставени се и футуристички автомобили со вградени хеликоптери, но и „слатки“ модели кои изгледаат како кадифени играчки.

Дел од изложените автомобили (и роботи) на Auto Shanghai 2025:

Продолжува на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg