Фолксваген Поло ГТИ

vw-polo-gti-povekjeПоло конечно го покажа своето набилдано лице. Моделот Поло ГТИ службената премиера ќе ја има на саемот за автомобили во Женева. Овој убавец...

 

...ќе има 1.4 литрен TSI мотор со 180 коњски сили и 250 њутн метри вртежен момент, ќе поседува и автоматски менувач и погон на предните тркала.

1.184 килограми тешкиот Поло ќе забрзува до 100-ка за 6,9 секунди, а ќе постигнува максимална брзина од 228 километри на час, а според податоци од компанијата овој модел ќе троши во просек 6 литри гориво на 100 поминати километри во комбиниран циклус.

Во однос на стандардниот Поло визуелно спортската верзија ќе поседува и 17-инчни алуминиумски фелни со црвени кочници, агресивно обликуван преден споилер со традиционалната црвена решетка.

ЛЕД светлата на задниот дел во комбинација со хромираниот издувен систем совршено се вклопуваат во задниот дел.

Почетокот на продажба на овој медел се очекува веднаш по завршувањето на саемот во Женева.

vw-polo-gti-1

vw-polo-gti-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg