Цеца организира традиционална свадба за ќерката, Анастасија се жали дека постојано спие – Нови детали по веста за бременоста

„Конечно ми престанаа мачнините, па сега ми е полесно, но постојано ми се спие и се облекувам како бездомник“ – Анастасија Ражнатовиќ за првпат откри како се чувствува во бременоста. Цеца не ја крие среќата од јавноста што по машките внуци, конечно ќе добие внука, а веќе е познато и кога ќе се одржи свадбата на Анастасија и Немања Гудељ.

ceca-podgotvuva-ekspresno-brza-svadba-anstasija-se-zhali-deka-postojano-spie-novi-detali-za-bremenosta-01.jpg

Сите српски медиуми ја пренесуваат веста за бременоста на ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, а сега се откриени и нови детали.

ceca-podgotvuva-ekspresno-brza-svadba-anstasija-se-zhali-deka-postojano-spie-novi-detali-za-bremenosta-02.jpg

Според пишувањата во српските медиуми, Анастасија (24), која веќе една година е во врска со фудбалерот Немања Гудељ (31), во моментов е во четвртиот месец од бременоста, а познато е дека очекува девојче, за што нејзината мајка е особено среќна, затоа што по машките внуци, конечно ќе добие и внука.

Анастасија веќе подолго време престојува во Шпанија, каде нејзиниот партнер игра за фудбалскиот клуб Севиља, а во Србија не се враќа подолг период затоа што е во процес на средување документи за престој.

ceca-podgotvuva-ekspresno-brza-svadba-anstasija-se-zhali-deka-postojano-spie-novi-detali-za-bremenosta-03.jpg

Цеца не може да ја скрие радоста за убавите вести, па таа сподели нови детали со јавноста:

„Кога Анастасија преку видео повик ми соопшти дека чекам и трето внуче, бев пресреќна. Таа вест за мене не беше шок, туку преубаво изненадување.

Ова е голем благослов од Бог за целото семејство. Таса сега убаво се чувствува, не е разгалена, само малку повеќе спие од вообичаено, но тоа е нормално“ – рече Цеца.

Инаку, фолк-дивата во една прилика има изјавено дека кога би имала внука, тогаш таа сигурно би ја довела до банкрот, но дека тоа ќе ја направи најсреќна баба на светот.

За убавите вести се огласи и Анастасија, која за српски Blic кажа како се чувствува во моментов:

„Конечно престанаа мачнините, па сега ми е сѐ полесно. Како да не сум бремена! Единствен проблем ми е што постојано ми се спие и што се облекувам како бездомник.

Постојано сум во хеланки и носам само широка облека“ – вели таа.

ceca-podgotvuva-ekspresno-brza-svadba-anstasija-se-zhali-deka-postojano-spie-novi-detali-za-bremenosta-06.jpg

Познато е дека Цеца ги почитува традиционалните обичаи, па така веќе се подготвува свадбата.

Најверојатно Анастасија и Немања ќе застанат пред олтар на 28-ми јуни годинава, за време на големиот српски празник Видовден.

Цеца веќе напорно работи и се подготвува за големиот настан.

ceca-podgotvuva-ekspresno-brza-svadba-anstasija-se-zhali-deka-postojano-spie-novi-detali-za-bremenosta-04.jpg

Инаку, целата српска јавност со нетрпение ја очекува новата епизода од реалното шоу „Цеца и деца“ каде ќе имаат можност да видат ексклузивни снимки од моментот кога Вељко го доби вториот син Крстан, но ќе бидат откриени и повеќе детали за бременоста на Анастасија која 4 месеци вешто ги криеше убавите вести од јавноста.

Прочитајте и Пред Анастасија Ражнатовиќ бил во врска со друга српска пејачка, заработил милиони од фудбал – Факти за Немања Гудељ

ceca-podgotvuva-ekspresno-brza-svadba-anstasija-se-zhali-deka-postojano-spie-novi-detali-za-bremenosta-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Цеца (52) без грам шминка се снима додека пее со македонски пејач - Oткри најслаба била со 54kg, а с... На видеото со Иван Милевски пејачката изгледа свежо и негувано дури и без шминка...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава