Софија Мило се трансформира во Барби и ја најави свадбата со партнерот по секс-скандалот со Немања Гудељ
- Детали
- четврток, 20 јули 2023
По секс-скандалите со Немања Гудељ и Душко Тошиќ, српската манекенка Софија Мило конечно откри детали за долгоочекуваната свадба со фудбалерот Лука Јовиќ, со кого има два сина.
Манекенката Софија Мило стана заштитно лице на филмот Barbie за Србија, па деновиве на социјалните мрежи таа објави серија фотографии на кои е облечена во розови комбинации, во стилот на славната кукла.
Софија и на премиерата на филмот вчеравечер (19.07) дојде облечена во розов фустан кој ги откриваше нејзините долги нозе. Таа позираше покрај розов автомобил, на кој беше испишано нејзиното име.
Познатата манекенка на премиерата на популарниот филм одговараше на новинарски прашања, па меѓу другото, зборуваше и за фудбалерот Лука Јовиќ, со кого има два сина.
Откако неодамна се крштеваше во Белград, таа ги подгреа муабетите за црковна венчавка со Лука.
„Од дете сакав да се крстам во црква, а еден ден ќе ги крстам и децата. Свадбата ќе почнам да ја подготвувам наскоро, бидејќи ќе ми треба околу една година за сè.
Со Лука ќе се венчаме на лето. Нема да носам венчаница, не сум толку храбра, но ќе одберам некој убав фустан. И да, ќе имаме и црковна венчавка“, рече таа.
Софија првпат откри детали за свадбата со Јовиќ.
Парот помина низ турбулентен период минатата година, откако српските медиуми пишуваа дека Софија имала секс-афера со фудбалерот Немања Гудељ, пред светското првенество во фудбал во Катар.