Грозоморно сведоштво и исповед на Србин: „Бев член на ‘Црна ружа’, на 12 години од мене бараа да извршам убиство“

Приказната за „Црна ружа“ за првпат се појавила кон крајот на 80-тите години по самоубиството на едно девојче во Хрватска, па дел од медиумите ја поврзуваа нејзината смрт со сатанистичката секта.

Набрзо потоа, речиси сите млади луѓе што носеа црна облека, го читаа „Степскиот волк“ на Херман Хесе, слушаа музика од тогаш популарните бендови Joy Division, The Cure или Sisters of Mercy, честопати беа обвинувани од средината и општеството дека се дел од здружението што му се поклонува на „Нечестивиот“.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-08.jpg

Во Србија голем замав зема во 1992-ра година и тогаш била откриена група од неколку десетина млади луѓе кои се собирале на гробиштата во Суботица, изведувајќи сатанистички ритуали кои вклучувале пиење животинска крв.

Се верува дека таинствениот шеф секогаш носи маска и ќулавка и го крие својот идентитет.

Дали „Црна ружа“ сѐ уште постои?

Сега, веќе 40 години подоцна, педагозите и социјалните работници од Хрватска и Србија сѐ уште предупредуваат дека „Црна ружа“ е мошне активна и сѐ уште врбува млади луѓе.

Небојша Буѓановац, социјален педагог од Вараждин, Хрватска во 2021-ва година даде изјава и тврдеше дека сектата е уште активна во неговата земја.

„Стојам зад констатацијата како токму ‘Црна ружа’ е причина за одреден број самоубиства на млади луѓе. Таа секта е насочена кон нив.

Немам конкретни цврсти докази што можам да ги предадам на истражните органи, но имам голем број исповеди на луѓе, коишто во еден период ѝ припаѓале на сектата или биле во контакт со нејзиното членство.

Луѓето отворено ми зборуваа како наведувањето на некоја избрана личност на самоубиство е еден од моментите на иницијација, или е доказ за припадноста на ‘Црна ружа’“ – изјави тој.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-09.jpg

Истата година и Александра Милетиќ од Србија, авторката на брошурата „Верске секте“ рече дека денес членовите на сектата најчесто се врбуваат преку интернет и се мошне активни низ градовите на Јужна Србија.

„Тоа е една од најопасните секти која делува во Србија. Децата ги контактираат преку интернет и најчесто станува збор за деца кои доаѓаат од деструктивни семејства, деца без родители, коишто не се задоволни со својот физички изглед или се отфрлени од општеството според начинот на облекување или размислување, со лош социјален и егзистанционален статус“ – вели таа.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-10.jpg

Во Македонија нема официјални податоци за тоа дали навистина има или нема членови на оваа секта, но честопати се случува да почнат да кружат гласини за одредени самоубиства на млади луѓе дека биле поврзани со одредени ‘секташки’ дејствија.

Валентина Божиновска од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија во една пригода изјави дека кај нас нема официјално регистрирани вакви (религиозни) здруженија, но факт е дека тие постојат, а таргет група им е младата популација.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава