Грозоморно сведоштво и исповед на Србин: „Бев член на ‘Црна ружа’, на 12 години од мене бараа да извршам убиство“

„Никој вам нема да ви се претстави како секташ. Тие сметаат дека нивното верување е вистинито и ќе ви се претстават како пријатели, како што ми се претставија и мене“ – раскажа младиот Србин кој бил дел од сектата „Црна ружа“ и успеал да се извлече.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-01.jpg

Името на сектата „Црна ружа“ веќе со децении наназад е познато на Балканот. Се верува дека активни членови има во повеќе балкански земји: Хрватска, Србија и Македонија, а важи за едно од најтаинствените окултистички здруженија во нашето опкружување.

Исповед на млад човек кој бил член на сектата

На почетокот на јануари годинава, Александар Стричевиќ од Србија даде морбидна исповед во српските медиуми за тоа како станал дел од озлогласената секта.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-02_copy.jpgфото: YouTube - принтскрин

Тој во емисијата „Црна хроника“ раскажа како по семејната трагедија, кога неговата сестра починала кога тој имал само 12 години, почнал да бара бегство од семејните проблеми на интернет.

„Многу е лесно да вовлечете некого во некоја приказна што не е несродна на христијанството. Сатанизмот е дел од христијанството, кога човекот верува во Бог, верува и во постоењето и на злото.

Разликата е само во тоа што во сатанизмот се почитува Луцифер, паднатиот ангел.

Некогаш бил ангел на светлоста, најубавиот меѓу божјите ангели и паднал заради својата суета. Заради таа иста суета и луѓето паѓаат во прегратките на сектата“ – раскажува тој.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-03.jpgфото: YouTube - принтскрин

Александар раскажува како со семејството сите се обидувале како да научат да живеат со болката по загубата на неговата сестра, а тој сосема случајно ги запознал членовите на сектата преку интернет.

„Никој вам нема да ви се претстави како секташ. Тие сметаат дека нивното верување е вистинито и ќе ви се претстават како пријатели, како што ми се претставија и мене, дека се тука да ме сослушаат.

Тоа беше место каде што секој можеше да го каже својот проблем и се бодреа едни со други и наликуваше на групно лекување“ – раскажува тој.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-04_copy_copy.jpg

Индоктринацијата почнала со прашањето дали тој верува во Бог, а кога рекол дека верува веднаш го прашале: ‘Ако Бог е толку добар, зошто тогаш не ја спасил сестра ти?’

Александар на крајот сфатил дека нешто не е во ред, откако на иницијацијата добил задача да убие некој свој близок со одреден број убоди од нож.

„Од мене тогаш се бараше нешто што беше премногу за мене. Сепак имав само 12 години и тоа спомнување на нож и бодежи беше премногу за мене и ме преплаши и тогаш сакав да ја прекинам комуникацијата.

Но, тогаш почна моето прогонство и застрашување. Ми се јавуваа на телефон и ми оставаа пораки на телефонската секретарка.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-05_copy_copy_copy.jpg

Јас сѐ уште не разговарав со родителите во тој период, па трчав да се јавам на телефон за да не се јави некој друг.

Дури добив фотографии од себе додека сум бил на училиште и во тој период бев сигурен дека сакаат да ме убијат. Но, сега кога ќе размислам тоа беше обично застрашување за сам себеси да си го одземам животот“ – вели тој.

Во однос на тоа што се случува за време на религиозните обреди може само да се нагаѓа, но многумина веруваат дека тие вклучуваат пиење крв, користење на опојни психотропни супстанции, а се верува дека во процесот на иницијација, најчесто од идните членови, се бара да извршат жртвување, односно убиство за да добијат моќ со којашто ќе се излекуваат себеси од болката со која живеат.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-06_copy_copy.jpg

Александар вели дека сектата е поделена на 3 нивоа: луѓе кои се на врвот и чијашто главна цел е да се збогатат, луѓе на средината, чијашто главна цел им е да врбуваат и да наоѓаат војска која ќе биде на дното и која ќе остане лојална на структурата.

„Идејата е луѓето на дното да се убедат да се откажат од нешто свое за да му го дадат на братството, а всушност се работи за богатење на индивидуите на врвот.

Во тој миг јас немав пари, но, од мене се бараше лојалност“ – изјави тој.

Што се знае за „Црна ружа“ досега?

Сектата „Црна ружа“ често се верува дека стои зад голем број убиства и самоубиства на тинејџери и млади луѓе што се случиле на нашите балкански простори и додека едни веруваат дека постои вистинска опасност, други, пак, веруваат дека станува збор за урбана легенда.

grozomorno-svedoshtvo-na-srbin-so-ispoved-bev-chlen-na-crna-ruzha-na-12-godini-od-mene-baraa-da-izvrsham-ubistvo-07_copy_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg