„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак

Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со гангрена, а лицето трпи огромни болки. Со вакви симптоми во болница во Грција бил примен 48-годишен грчки турист кој ненадејно почина откако бил каснат од отровен инсект.

ne-postoi-protivotrov-za-nego-turist-vo-grcija-pochina-otkako-beshe-kasnat-od-kafeav-pajak-01.jpg

Сите грчки медиуми ја пренесуваат веста за смртта на 48-годишниот турист во Пиргос, Пелопонез во Грција, откако претходно бил каснат од отровен кафеав пајак.

Според официјалните информации, човекот, кој е со потекло од Фиотида, Грција, најверојатно бил каснат во неделата (04.08) додека бил на одмор во местото Илијас, во близина на Пиргос.

Првично не почувствувал никакви болки, но во вторникот веќе бил во посета на приватен ортопед, кој потоа го упатил во болница во Пиргос.

ne-postoi-protivotrov-za-nego-turist-vo-grcija-pochina-otkako-beshe-kasnat-od-kafeav-pajak-02.jpg

Иако првично, неговата состојба не изгледала загрижувачка, во средата (07.08) неговата здравствена состојба почнала брзо да се влошува.

Според лекарите, симптомите коишто тој ги покажувал укажувале на тоа дека е каснат од кафеав отровен пајак.

Тие вложиле натчовечки напори да го спасат, но за жал, не успеале.

„Не постои противотров и вообичаено симптомите брзо се развиваат. Вообичаено веднаш не се појавуваат симптоми, па пациентот не е свесен дека бил каснат, а дури по 72 часа следува брзо влошување на состојбата“ – вели директорката на болницата во Пиргос, Ангелики Сарантопулу.

ne-postoi-protivotrov-za-nego-turist-vo-grcija-pochina-otkako-beshe-kasnat-od-kafeav-pajak-03.jpg

Инаку кафеавите пајаци се едни од ретките отровни пајаци што може да се најдат во Европа. Освен нив, опасни се и пајаците „црна вдовица“.

Специјалистот за инфективни болести Димитрис Хатцигеоргу во изјава за грчките медиуми појасни дека каснувањата од пајаци ретко се со фатални последици, но проблемот настанува кога пациентот долго време не е свесен дека бил каснат од пајак.

„Најголемата опасност се јавува затоа што најверојатно нема веднаш да обрнете внимание, затоа што болката нема да биде толку силна на почетокот.

Потоа отровот од пајакот оди во крвта и предизвикува симптоми како треска, потење, па дури и белодробен едем или огромен пад на крвниот притисок, по што следува смрт“ – појаснува докторот.

ne-postoi-protivotrov-za-nego-turist-vo-grcija-pochina-otkako-beshe-kasnat-od-kafeav-pajak-04.jpg

Според него, најмногу треба да се внимава на децата, а како превентивна мерка наведува никогаш рацете или стапалата да не ги ставаме на места каде што не можеме да видиме или да бидеме сигурни дека е можно да се крие кафеав пајак.

Кафеавите пајаци обично достигнуваат големина од 1,2cm, а нивниот отров предизвикува оштетување на кожата кое наликува на гангрена.

Кога се повозрасни овие пајаци се со темно кафеава боја, а препознатливи се по тоа што имаат шест очи, наместо осум како голем број други пајаци.

ne-postoi-protivotrov-za-nego-turist-vo-grcija-pochina-otkako-beshe-kasnat-od-kafeav-pajak-05.jpg

Стомакот и нозете обично му се прекриени со влакненца.

Сакаат да живеат на темни места, па многу често може да се најдат на таваните, или во кутии и предели од домот што долго време не се користат.  

Ако забележите дека сте каснати, најдобро е местото веднаш да го измиете со вода и сапун, да му ставите мраз во крпа и да држите 10-тина минути откако сте биле каснати, а колку е можно побрзо треба да се упатите во најблиската болница.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Турист предупредува: „Бев на одмор во Црна Гора, наидов на рибата лав - прекрасна е, но отровна, вни... „Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода. Рибата лав е мно...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава