„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина?

„Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прсти. Има нешто заради што таа му штети на детето – дали е тоа консумирање дроги или алкохол ќе треба да утврдат вештаците“ - Ова е барањето што Милан Поповиќ го имал до судот пред да биде одлучено да ѝ се одземе детето по вторпат.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-01.jpg

Деновиве топ тема во српските и регионалните медиуми е одлуката на Врховниот суд да ѝ го одземе старателството на пејачката Северина Вучковиќ над синот Александар (12).

Додека нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ деновиве не дава коментари за јавноста, дел од српските медиуми го споделуваат неговото интервју од пред две години, каде тој ги изнесе сопствените ставови зошто тој смета дека неговиот син не треба да живее со мајка му.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-04.jpg

Тој во емисијата Sceniranje на TV Kurir пред две години зборуваше опширно за неговиот однос со Северина. Меѓу другото, зборуваше и за домашното видео на пејачката, па рече дека нему лично не му пречело, но стравува како ќе му го објасни на својот син Александар.

„Кога се млади луѓето не размислуваат, повеќето луѓе живеат за овој миг и никој не размислува дека тоа може еден ден да биде проблем.

Мене лично не ми е проблем, но загрижен сум што ќе се случи еден ден кога нашиот син ќе го види. Која ќе биде неговата реакција“ – вели тој и додава дека уште сега размислува како  ќе му го објасни на Александар, но според него најлошо е тоа што тој и Северина не разговараат и се плаши каква ќе биде реакцијата на неговите врсници.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-05.jpg

Во истата емисија, Поповиќ објасни и која е главната причина зошто барал усно испитување на вештаците, постапка, заради која претходната одлука на судот беше укината и заради која на Северина повторно ѝ го одзедоа синот.

„Што и да се случува во иднина со Северина, јас сум сконцентриран само на детето и на мојот обид детето да има нормална стабилна мајка“ – нагласи Поповиќ.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-02.jpg

По ова, водителката го праша зошто смета дека таа не е стабилна, а Поповиќ се обиде да ги изнесе своите ставови базирани врз неговото лично искуство, но и врз основа на разговорите што ги имал со нејзиниот сопруг Игор Којиќ, со кого е во пријателски односи.

„Па, гледајте по нејзиното однесување. Прво, јас се разделив од Северина заради тие нејзини чести промени во расположението, кои јас во тој миг не ги разбирав.

Тоа ви беше од она кога одите од тотална депресија да плачете по пет дена, до тотална еуфорија. Тоа според психолозите е гранично нарушување на личноста, кога личноста не може да се контролира“ – вели Милан.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-07.jpg

Милан нагласи дека се вљубил во медиумската Северина, но дека по само три месеци од врската сфатил дека таа не е истата личноста.

„Јас се чувствувам измамено, затоа што се вљубив во виртуелна личност. Таа во првите три месеци глумеше одлично. Ние не живеевме заедно и се гледавме само за викенди“ – вели Милан.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-03.jpg

По ова, тој објасни зошто барал дополнителни испитувања и вештачења и зошто подолжил со својата борба да биде единствен старател на Александар.

„Мислев дека немам право никого да обвинам дека е болен или со нарушување, но со оглед на тоа што сега имаме дете и дека на тоа дете му е потребна стабилна мајка, важно ми е да се дознае, таа да се лекува.

Нејзината сестра, Маријана, тврди дека Северина користи дроги. Јас тие сознанија ги доставив до Центарот за социјални работи и молев да се изврши токсиколошко вештачење, да се види дали е така.

Ако која било мајка се дрогира, тоа станува проблематично кога таа мајка го занемарува своето дете и заради своето дрогирање почнува да се однесува на штета на своето дете.

veshtacite-treba-da-utvrdat-dali-koristi-drogi-zoshto-milan-popovikj-i-go-odzema-sinot-na-severina-09.jpg

Тоа што некоја мајка се дрогира не е причина некому да му се одземе детето.

Но, во случајот на Северина вие имате пријава на Центарот за социјална работа за занемарување на детето, вие имате неколку кривични пријави за наметливо однесување, закани за насилство во семејството.

Значи, тука нешто не е во ред.

Нешто влијае за такво однесување и во голема мера оди на штета на детето“ – вели Поповиќ и нагласува дека вештаците треба да утврдат што е она што го предизвикува таквото однесување, дали станува збор за дроги, алкохол или, пак, нарушување на личноста.

Погледнете ја целата емисија со Милан Поповиќ во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина доживеа незгода на сцена - се сопна и падна среде настап (видео) Северина во кусо фустанче и високи потпетици, среде динамичен настап во Загреб, ...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Милан Поповиќ, бившиот на Северина, чека петто дете - за 28 години помладата сопруга има само пофалн... „Таа е од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и с...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg