Српска пејачка е комплетно непрепознатлива пред и по пластичните операции (фото)
- Детали
- четврток, 07 август 2025
Катарина Живковиќ (36) некогаш беше русокоса, а денес е непрепознатлива црнокоса. Се појави во „Ѕвездите на Гранд“ во 2007 година, па победи во ријалити шоу во 2010. Неодамна му го прослави првиот роденден на синот.

Српската пејачка Катарина Живковиќ (36) во текот на годините со помош на пластични операции и естетските корекции го промени својот изглед до непрепознатливост.
Таа се појави во Ѕвездите на Гранд во 2007 година.

На своите почетоци Kaтарина беше русокоса, кога победи во српско ријалити шоу во 2010 година и оттогаш нејзината пејачка кариера тргна во нагорна линија.


Денес, Катарина комплетно го измени изгледот и стана црнокоса.

Катарина Живковиќ во август 2024-та се реализираше во улогата на мајка, но за српските медиуми изјави дека не сака да го експонира својот партнер, со кого го доби синот Стефан.

Инаку, на 2-ри август 2025 нејзиниот син Стефан наполни 1 година, а Катарина сподели:
„Денес, кога наполни една година, те гледам со гордост и љубов што ги надминува сите зборови.
Нека те води Господ, нека ти подари здравје, мир во срцето, чистота во душата и сила да бидеш човек на вера, чесност и љубов.

Нека секоја твоја насмевка биде молитва, секој чекор благослов, а секое паѓање – можност да станеш посилен, зашто ти си роден под грмежот на небото, но со мир во очите.
Мој дар, мој благослов.

Сине, те сака мама повеќе отколку што зборовите можат да изразат. Нека Бог ти подари долг живот, а Свети Илија нека те води низ сите бури – како молња низ ноќта, како светлина низ темнината.
Среќен прв роденден, ангелче мое, мое мило и умно парченце сложувалка!

Со љубов и молитва,
Твојата мајка“
