Хрватска инфлуенсерка, која се соочила со породилни компликации, за синот (26) со пречки во развојот: „Неговата насмевка ми е дар“
- Детали
- недела, 31 август 2025
„Велат животот му дава на секој онолку колку што може да издржи. Јас ќе кажам: нема нешто што мајка не може да издржи за своето дете… Пред некое време ја слушнав реченицата од која стравував: ‘Вашиот син сега е во Божји раце’… На докторот му одговорив: ‘Бог нека почека, мајчините раце се тука’“, во една пригода емотивно изјави Морана Мамиќ.

Морана Мамиќ е позната хрватска инфлуенсерка, која на Инстаграм има повеќе од 200.000 следбеници со кои постојано споделува детали од луксузниот животен стил што го води.

Но, зад нејзината насмевка се крие трогателна животна приказна за нејзината мајчинска борба. Нејзиниот 26-годишен син се соочува со здравствени проблеми.


За неговиот роденден во февруари таа напиша:
„Бог ми го подари... 26 години да ја гледам оваа насмевка е божји дар. Среќен роденден сине!“
Морана на социјалните мрежи често споделува слики од вистинскиот луксуз во кој ужива, но сепак и искрено открива дека зад нејзината широка насмевка се крие потресна приказна.

Морана неодамна сподели фотографија во костим за капење, на која изгледа совршено, додека позира на јахта и напиша: „Ги памтам само среќните денови“.
Инаку, во една пригода таа проговори за својот син кој се соочува со здравствени предизвици и пречки во развојот, поради грешка направена од страна на бабица при породувањето и сериозни компликации.

Морана пред две години изјави:
„Велат, животот му дава на секој онолку колку што може да издржи. Јас ќе кажам: нема нешто што мајка не може да издржи за своето дете…
Пред некое време ја слушнав реченицата од која стравувам веќе 24 години: ‘Вашиот син сега е во Божји раце’… На докторот му одговорив: ‘Бог нека почека, мајчините раце се тука’.
Додека секојдневно со часови го гледав синот во болка, страдање, агонија и борба за живот, сретнував луѓе. Никој од нив по ништо не можеше да насети низ каква болка поминувам.
На секого му се насмевнував, застанав, поразговарав, дури и се сликав со некои прекрасни жени во хотелот каде што бев сместена, а кои ме следат… А внатре, внатре умирав од тага, страдање и болка… никој освен болничкиот персонал не знаеше низ што поминувам.
А имав „право“ да бидам груба со грубите, зла со злите, безобразна со безобразните, апатична со апатичните… затоа што ги имаше – и тоа на места каде што најмалку очекуваш… Но, не бев!
Со годините, од својата болка научив да црпам сила, надеж, насмевка и животна радост, а на таквите жени никој не може ништо...“

Инаку, Морана Мамиќ била во брак со Зденко Мамиќ, со кого го добила синот Фран и, иако се разведоа, тие останале во добри односи и заедно се грижат за синот.

