„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата болка како мајка
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
Актерката Маријана Микулиќ, која глумеше во Lud, zbunjen, normalan има три сина - на едниот од нив му е дијагностициран аутизам, а другиот има ADHD. Но, најголем предизвик бил да се бори сама со децата, зашто сопругот поради работа се преселил во Германија на една година...

Хрватската актерка Маријана Микулиќ (43) е мајка на три сина, Андрија, Иван и Јаков, но едниот од нив, има аутизам.
Токму тој е причината што Маријана долги години води голема животна битка и се соочува со голема болка како мајка, најмногу кога ќе види дека нејзиното дете е отфрлено од другите деца.
Јаков низ годините покажал голем напредок благодарение на упорноста и посветената работа со него дома, на неговата мајка дома.
И покрај ова семејството секојдневно поминува низ бројни емоционални и социјални предизвици.
Маријана, неодамна гостуваше во емисијата Nedeljom u 2 на HRT, па раскажа како кога му дијагностицирале аутизам на крајниот спектар на Јаков, многумина ѝ рекле дека „од него нема ништо да биде“.
„Одеше во круг, зборуваше со своите раце, не се вртеше кога некој ќе го викнеше по име, не гледаше никого во очи, не можевме да допреме до него.
Не можам да кажам дека подобрувањето е во целост поради мојата работа со него, но факт е дека многу се подобри.
Бев упорна, а тој оди на многу терапии. Но, работата дома е клучна“, вели Маријана.
Таа открила дека денес Јаков може да комуницира со луѓето, знае да каже што го боли и дека е „функционален“.
„Веруваме дека ќе може да се запише во редовно училиште, со помош на асистент.
Но, за да се стигне до тоа, потребна е ужасно многу работа дома. Работам со него секој ден“, рекла актерката.
