Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенцијалниот зет“
- Детали
- среда, 11 март 2026
„Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно напиша Сандра Калиниќ, од која Теа ги наследи гените за убавина. Милан, пак, откри дека е среќен од изборот на партнер на својата ќерка и дека тој навивал повеќе за него, од неа.

Ќерката на актерот Милан Калиниќ и Сандра, со која за жал актерот се разведе, денес полни 18 години.
Некогашниот пар го има и помалиот син Вук.

Нивната убава наследничка Теа позираше со балони и торта, а Сандра сподели фотографија од неа.
Теа е вистинска убавица, како и нејзината мајка.

Сандра ѝ посвети роденденска емотивна објава:
„Моето првенче денес полни 18 години, а моето срце игра од среќа и трепери од емоции.
Љубов моја, ти посакувам низ животот да одиш храбро, да веруваш во себе и во своите соништа, да сакаш искрено и чисто и среќата да те следи во сè што правиш.

Сакам да знаеш дека каде и да те однесе животот, какви и патишта да избереш, секогаш имаш место каде што припаѓаш и каде што си безбедна, каде што секогаш можеш да се вратиш.

Можеби во животот понекогаш ќе паднеш, можеби понекогаш ќе се посомневаш во себе, но никогаш не заборавај колку вредиш и колку си сакана.
Ти си мојата најголема радост, мојата гордост и мојата најубава животна приказна.

Среќен 18-ти роденден, љубов на мама. Те сакам повеќе отколку што некогаш ќе можеш да замислиш“.

Сандра на Инстаграм покажа и како синоќа, точно на полноќ, ја изненадиле ќерката со подароци и торта.
