Милан Калиниќ: „Разводот е тешка работа, но сум против бришење на целиот живот - зошто да ги бришам фотките со Сандра?“
Уредниот начин на живот многу помага кога ќе се најдеш во тешки ситуации. Тогаш човек лесно може да западне во депресија. Ако јас, кој се сметам за силен човек, бев на работ да потклекнам, тогаш на другите им е уште полесно да паднат.
Навистина поминав низ тежок период. Тука беше и уште една многу тешка ситуација со лажна пријава.
Многу пријатели ми се јавуваа и ми велеа: ‘Брате, ти си Супермен, како ова не те скрши?’
Тоа се случува кога во животот ќе наидеш на чудни околности и луѓе.
Сè се совпадна во ист момент и тогаш уште еднаш сфатив дека сум човек кој има цврстина и знае да се бори со тешкотиите.
Сепак, морам да признаам дека бев на работ да направам глупост. Сешто ти поминува низ глава. Во моите 53 години отсекогаш сум спиел како бебе, а тогаш првпат во животот имав непроспиени ноќи. Десет ноќи не можев да заспијам.
Лежиш и размислуваш, а тоа е ужасно, особено за некој што не е навикнат на такво нешто. Тогаш ѓаволот ти седнува на рамото затоа што си ранлив и погодна почва за лоши мисли.
Цела ноќ ти минуваат разни работи низ главата. Едвај чекаш да раздени и да излезеш меѓу луѓе, потоа ќе ги видиш децата, ќе ја почувствуваш нивната поддршка и тогаш е полесно.
Луѓето мора да најдат вера – во луѓето, во семејството, во пријателите, во себе и во подоброто утре.
Горд сум што успеав да ја тргнам омразата настрана. Никому не му замерувам и успеав никого да не мразам.
Од сето ова можам да им порачам на луѓето да не мразат. Тоа нема врска со простувањето – не мора да простите“.
Инаку, неодамна зборувајќи за односот со поранешната сопруга по разводот, Милан нагласи дека меѓу нив нема непријателство и дека, поради децата, и понатаму останале семејство.
„Разводот стана толку нормална работа во современото општество, особено кај нас. Ако погледнете, разводите се случуваат многу често, особено кај помладите генерации.
На крајот на краиштата, разводот е дел од животот. Не му давам некое посебно значење, ниту пак мислам дека треба.

Најстрашно е кога разводот ќе се претвори во целосен распад на семејството и кога децата страдаат. Но, тоа може да се случи и во браковите. Има бракови во кои сè е погрешно и каде што децата растат во ненормални услови. За тоа треба да се зборува.
А кога работите се одвиваат нормално, човечки и цивилизирано, тогаш тоа е едноставно дел од животот“.

На прашањето дали се во добри односи, тој одговори:
„Секако дека сме во добри односи. Ние сме нормални луѓе. И понатаму сме, би рекол, многу повеќе семејство отколку што се многу бракови“.
Kликнете на постаро видео од Милан со сопругата, низ годините:
С. С. | Црнобело