Заработува 100.000$ годишно, со Јокиќ летуваа вo Црна Гора за 120€ (по вечер) - Што работи сопругата на славниот кошаркар?
- Детали
- среда, 08 јули 2026
Малкумина знаат дека Наталија Јокиќ не живее само од парите на сопругот, кој годишно заработува преку 50 милиони долари, дека не е богата домаќинка што седи дома, туку дека и самата заработува, и тоа околу 100.000 долари годишно.

Наталија, сопругата на Никола Јокиќ е покрај него уште од средношколските денови. Парот се запознал во родниот Сомбор, а Никола, кој во тоа време се преселил во САД, поради одделеноста од Наталија, за малку ќе се откажел од кошарката и ќе се врател во Србија.

За среќа, таа прифатила да оди кај него, па тие денес имаат хармоничен брак и две деца, а Наталија му е подеднакво голема поддршка како и на почетокот.

Но, малкумина знаат дека таа не живее од парите на сопругот кој годишно заработува преку 50 милиони долари.

Познато е дека Наталија студирала психологија на Seminole State College во Америка.

Откако дипломирала, таа се запишала на магистерски студии на Metropolitan State University во Денвер.
