Никола Јокиќ плаче како дете од среќа - прескокнува ограда, трча да си го погали коњот кој победи на трка (видео)

Јокиќ, кој е страстен љубител на коњи, не може да поверува дека негов коњ победил на најпознатата трка во Србија - расплакан, ја прескокнува оградата и трча по патеката на хиподромот за да го погали победникот и да им честита на тренерот и на џокејот кои му донесоа огромна радост.

nikola-jokikj-plache-kako-dete-od-srekja-preskoknuva-ograda-trcha-da-si-go-pogali-konjot-koj-pobedi-na-trka-video-01.jpg

Најдобриот играч во НБА, Никола Јокиќ, постојано истакнува дека кошарката му е само работа и делува дека сите во светот се воодушевени од неговите професионални успеси повеќе од него.

Тој не крие дека негова вистинска страст се коњите, па поседува ергела и неколку коњи кои се натпреваруваат на коњички трки.

nikola-jokikj-plache-kako-dete-od-srekja-preskoknuva-ograda-trcha-da-si-go-pogali-konjot-koj-pobedi-na-trka-video-02.jpg

Па, кога не е во Америка поради кошарката, тој е во родната Србија, каде што ужива со саканите, а најголемиот дел од времето го поминува покрај своите коњи.

Својата среќа што има шампионски грла во ергелата, Јокиќ ја покажа неодамна, кога неговиот коњ Demon Dell’Est, победи на касачката трка „Дужијаница“ во Суботица - за една од најреномираните коњички трки во регионот.

nikola-jokikj-plache-kako-dete-od-srekja-preskoknuva-ograda-trcha-da-si-go-pogali-konjot-koj-pobedi-na-trka-video-03.jpg

Јокиќ не можеше да ги задржи солзите и се расплака како дете откако неговиот коњ помина прв низ целта.

Тој прво стои со рацете преку лицето, не можејќи да поверува што се случува, а потоа ја прескокнува оградата и трча по патеката на хиподромот во Суботица за да му честита на тренерот, но и на џокејот кој му донесе огромна радост.

nikola-jokikj-plache-kako-dete-od-srekja-preskoknuva-ograda-trcha-da-si-go-pogali-konjot-koj-pobedi-na-trka-video-04.jpg

Погледнете го емотивното видео:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Маид Хеќимовиќ направи забава за откривање на полот на 4-тото дете - Се прослави во „Х-фактор“ со Да... Даниел Кајмакоски напиша: „Маиде, честитки од срце… Мора да е некоја кралица што...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Полуда е од мене“ - Огњен Амиџиќ откри зошто ја обожава втората сопруга, со која неодамна доби ќерк... „Мина е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме. Мене ми е многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg