„Полуда е од мене“ - Огњен Амиџиќ откри зошто ја обожава втората сопруга, со која неодамна доби ќерка
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
„Мина е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме. Мене ми е многу забавно со неа. Што инаку да правам со сопругата ако таа не е забавна?“, вели Огњен Амиџиќ за љубовта со Мина.

Огњен Амиџиќ во јануари 2026-та го доби своето трето дете. Неговата сопруга Мина се породи и на свет донесе девојче, кое тој едвај го чекаше.

Инаку, Огњен од бракот со Мина го има и синот Перун, а од првиот брак со Данијела Димитровска, го има синот Матија.

Огњен Амиџиќ во една пригода за српските медиуми проговори за приватниот живот и семејството.

За ќерката, Огњен вели:
„Јас секогаш сакав девојче. Но, не е сè како што сакаме и планираме, туку сè доаѓа во свое време и сè се мести на свое место.
Девојчињата се подобри за семејството, тие се сила и сидро, што да правиме ние, мажите, ние немаме мозок.
Го гледам тоа кај мојата сестра и сега кај Мина, гледам како токму жените ги одржуваат тие семејни односи“.


За својата сопруга Огњен вели:
„Мина е позабавна од мене! Јас сум комичар, но Мина генерално е позабавна од мене.
Таа е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме.

