Била силувана двапати, ја присилиле да си замине од Хрватска – Факти за Мира Фурлан
Мира е ќерка на истакнатиот хрватски научник Иван Фурлан, со мајка ѝ често се карала во младоста, а потоа ѝ пишувала писма во кои го изразувала сопственото каење. Кога Мира имала само 16 години, нејзината мајка починала од рак.

Мира во 1978-мата година дипломирала на академијата за театар и филм во Загреб, а потоа се запишала и на катедрата за англиски и француски јазик на Филолошкиот факултет, но никогаш не ги завршила студиите.

Во 1986-тата година го запознала српскиот режисер Горан Гајиќ со кого започнала врска. Со оглед на тоа што живеела на релација Загреб-Белград во почетокот на 90-тите години хрватските медиуми ја обвиниле дека има симпатии кон Србија и ја прогласиле за предавник, а еден од насловите во медиумите гласел „Тешкиот живот на лесната жена“.

Таа се соочувала со голем број предрасуди и заради еврејските корени, но и заради тоа што често одела на психолог. Добила отказ во Народниот театар во Хрватска, а ѝ бил одземен и станот што го наследила од баба ѝ. Секој ден добивала околу 50 закани по животот и на крај во весниците била објавена и нејзината адреса, поради што се чувствувала загрозено.

Во 1991-та година Мира и Горан одлучиле да се преселат во Белград, а потоа и во САД. Прво живееле во Њујорк, каде Мира работела како келнерка, продавачка и преведувач, а нејзиниот сопруг бил доставувач, асистент на монтажа и монтажер.

Во 1993-та година Мира ја добила улогата во серијата Babylon 5 по што таа и Горан успеале повторно да се вратат на филмските кариери и успеале да се преселат во Лос Анџелес.

Мира и Горан се венчале и во 1998-мата година го добиле синот Марко Лав.

За хрватските медиуми Мира првпат по заминувањето во САД, дала интервју во 2008-мата година, односно цели 17 години откако „била прогонета“ од сопствената татковина.

Таа имаше мошне успешна кариера во Холивуд и се појави во повеќе холивудски филмови и серии, како Law and Order: Los Angeles, NCIS, Lost, Twice born, Just add magic…

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит...
„Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ...
„Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“
„Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат...
„Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...