Анастасија Ражнатовиќ доби букет од 101 роза за 6 месеци врска + објави први фотки со дечкото кај кого живее во Шпанија

„Врската не е на далечина, јас често сум во Шпанија, доаѓам во Србија кога имам работни обврски“ – објасни Анастасија Ражнатовиќ пред извесно време, а сега се пофали каков подарок добила од саканиот по повод 6 месеци врска.

anastasija-razhnatovikj-dobi-buket-od-101-ruzha-za-6-meseci-vrska-objavi-prvi-fotki-so-dechkoto-kaj-kogo-zhivee-vo-shpanija-01.jpg

Српската пејачка и ќерка на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија денес слави 6 месеци врска со нејзиното ново момче Немања Гудељ, а по тој повод објави повеќе фотографии на Инстаграм.

Анастасија се пофали дека од Немања добила букет од 101 роза со пораката:

„Среќни 6 месеци мое пајче!“

Освен тоа добила уште еден цветен аранжман во кој фудбалерот со бели цветови ѝ напишал: „Те сакам“.

Ова воедно се првите заеднички фотографии со новиот дечко што Анастасија ги објавува на социјалните мрежи, а во потписот стави емотикони срце, торта и сложувалка, со што најверојатно сака да нагласи дека слави 6 месеци како ја нашла својата сродна душа.

Јасно е дека Цеца Ражнатовиќ ја поддржува врската на својата ќерка Анастасија и Немања , па така до фотографиите остави коментар со 4 срциња.

Инаку, пред извесно време Анастасија даваше изјава за медиумите во која говореше за нејзината врска со фудбалерот кој игра за шпанскиот фудбалски клуб Севиља, па на прашањето како се снаоѓа со врската на оддалечност, таа рече:

„Врската не е на далечина, јас често сум во Шпанија, доаѓам во Србија кога имам работни обврски. Не знам како се почнува официјално заеднички живот, но кога сум таму живееме заедно, кога сум во Србија живеам во мојот стан. Наречете го тоа како сакате“ – рече тогаш Анастасија.

Прочитајте и Анастасија Ражнатовиќ го прослави 24-иот роденден – гламурозна забава од 10.000 евра на која го покажа новиот дечко (фото+видео)

Фотографиите што Анастасија ги објави на Инастаграм:

anastasija-razhnatovikj-dobi-buket-od-101-ruzha-za-6-meseci-vrska-objavi-prvi-fotki-so-dechkoto-kaj-kogo-zhivee-vo-shpanija-02.jpg

anastasija-razhnatovikj-dobi-buket-od-101-ruzha-za-6-meseci-vrska-objavi-prvi-fotki-so-dechkoto-kaj-kogo-zhivee-vo-shpanija-03.jpg

anastasija-razhnatovikj-dobi-buket-od-101-ruzha-za-6-meseci-vrska-objavi-prvi-fotki-so-dechkoto-kaj-kogo-zhivee-vo-shpanija-04.jpg

anastasija-razhnatovikj-dobi-buket-od-101-ruzha-za-6-meseci-vrska-objavi-prvi-fotki-so-dechkoto-kaj-kogo-zhivee-vo-shpanija-05.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Мина, девојка од Србија со цистична фиброза едвај преживеа, па пронајде љубов и сега стана мајка: „Ч... „Така болна мајка роди толку здраво дете... И ти стана мојот најголем доказ дека...
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони ев... „Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната ...
Саша Ковачевиќ брутално искрен: „Сум изневерувал и не се гордеам со себе – ние мажите сме чудна сорт... „На почетокот на врската Зорана често ми го проверуваше телефонот, посебно после...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава