Милица Дабовиќ од Survivor зборува за профилот на сајт за возрасни: „Немам намера да продавам порно содржини, но се гордеам со телото“

„Во моментов работам на отварање на мојот бутик, сакам да продавам облека, не знам дали сум позитивен пример за младите, но не сметам дека правам нешто лошо“ - кошаркарката Милица Дабовиќ и учесничка во Survivor отворено говори за тоа што прави по завршувањето на реалното шоу.

milica-dabovikj-od-survivor-zboruva-za-profilot-na-sajt-za-vozrasni-nemam-namera-da-prodavam-porno-sodrzhini-no-se-gordeam-so-teloto-01.jpg

Кошаркарката Милица Дабовиќ стана мошне популарна откако учествуваше во српското издание на шоуто Survivor, а од неодамна привлекува внимание со профилот на сајтот за возрасни Only Fans, каде се споделуваат експлицитни содржини за одредена сума пари.

Милица гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ „Амиџи шоу“ каде говореше за сопственото искуство на веб страната за возрасни Only Fans.

„На почетокот е секогаш најтешко, но мене ми изгледа дека ми тргна од рака. Јас тоа го сакам. Го сакам своето тело. Имам 40 години, водам сметка за исхраната и за изгледот, тренирам и сакам да се сликам, сакам да одам на плажа и во костим за капење.

milica-dabovikj-otkako-otvori-profil-na-veb-strana-za-vozrasni-ima-lugje-shto-ochekuvaat-za-5-dolari-da-im-simnuvash-dzvezdi-od-nebo-03.jpg

Секогаш луѓето имаат нешто лошо да кажат, против тоа не можам и одлучив да не ставам повеќе фотографии на Инстаграм, туку овде“ – почна да раскажува Милица.

milica-dabovikj-otkako-otvori-profil-na-veb-strana-za-vozrasni-ima-lugje-shto-ochekuvaat-za-5-dolari-da-im-simnuvash-dzvezdi-od-nebo-02.jpg

Таа вели дека, профилот настанал по облог, кога требало нешто да нарача, но ѝ било премногу скапо.

„Не знаев ниту што е тоа, гледав дека го спомнуваа во коментарите на моите фотографии, но воопшто не ме интерсираше. Реков: ‘дај и јас на брзина да заработам пари, зошто да не’. Објавувам слики од плажа...

Луѓето сакаат различни работи... Некој сака да разговара со мене. Јас би сакала да се задржам само на фотките од плажа, затоа што не сакам да се загрозувам себеси во која било  смисла. Јас немам време за тоа, но тука има луѓе што сакаат од тебе за 5 или 15 долари максимално да им се дадеш и да им симнуваш ѕвезди од небото“ – вели таа.

Подоцна таа седна на жешкото столче во емисијата каде одговараше на повеќе незгодни прашања, каде откри дека во моментов подготвува свој бутик, но додека да го отвори бизнисот, Only Fans го користи како можност за заработка.

milica-dabovikj-otkako-otvori-profil-na-veb-strana-za-vozrasni-ima-lugje-shto-ochekuvaat-za-5-dolari-da-im-simnuvash-dzvezdi-od-nebo-04.jpg

На прашањето дали смета дека им остава лош пример на младите таа рече:

„Па дали сум добар пример за младите не знам, но не правам ништо лошо, за мене луѓето се делат на добри или лоши. Само сакав да го покажам своето згодно тело, горда сум на своето тело и на тоа како изгледам“.

Прочитајте и Татко ѝ ја тепал, голи фотки од неа завршиле на сајт за возрасни – Скандалозниот живот на Милица Дабовиќ од Survivor

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ру... Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек (77), веќе четврт век е во љуб...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот... „Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегува...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg