Видеа од кои навираат солзи на очите – Спасени дечиња од под урнатините во Турција и Сирија

Додека целиот свет испраќа свои тимови за помош во Турција и Сирија и сѐ уште трае потрагата по преживеани под урнатините, на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа од дечиња што по повеќе од 20 часа биле извлечени и спасени од под урнатините. Овие видеа влеваат надеж дека не е сѐ загубено, но и ќе ви ги наполнат очите со солзи.

videa-od-koi-naviraat-solzi-na-ochite-spaseni-dechinja-od-pod-urnatinite-vo-turcija-i-sirija-01.jpg

Видео од дехидрирано момче на кое по 20 часа му даваат вода од капаче, двете сестрички кои се молат некој да ги извади, како и радоста кај собраните кога некое детенце ќе биде извлечено живо од под урнатините се некои од вообичаените слики што деновиве ги гледаме од Турција.

videa-od-koi-naviraat-solzi-na-ochite-spaseni-dechinja-od-pod-urnatinite-vo-turcija-i-sirija-02.jpg

Според последните податоци (среда, во 08 часот) бројката на починати во Турција се искачи на 7.108 лица, додека во Сирија на 2.470, но се очекува овие бројки да растат во текот на наредните денови.

videa-od-koi-naviraat-solzi-na-ochite-spaseni-dechinja-od-pod-urnatinite-vo-turcija-i-sirija-03.jpg

Но, дека присутните на терен прават сѐ за да им помогнат на луѓето што се сѐ уште затрупани под урнатините, покажуваат и овие видеа од кои навираат солзи на очите додека ги гледате.

Пожарникарите спасуваат бебенце под урнатините во Турција

2-годишно дете 2 дена чека да го спасат, а му даваат вода од капаче

Малечко бебенце извадено од под урнатините на станбена зграда

Неверојатна радост кај луѓето кога успеваат да спасат мајка со 3 деца во Сирија

Две дечиња молат некој да ги извлече од под урнатините

Кучиња спасувачи помагаат да се најдат преживеани додека со механизација се чистат урнатините

Пожарникар прегрнува и бакнува 1-годишно девојче кое било спасено под урнатините

 

Грчки пожарникари слават откако успеале да извлечат 6-годишно девојче под урнатините

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Што знаеме за сестрата на Цеца, која работи како директорка во нејзината фирма и се крие од јавноста... „Ние две отсекогаш сме биле тандем. Сестра ми ми ја даде најголемата поддршка во...
Се откажа од ќерката единица и поднесе барање за развод - Семејна драма во домот на член од „Амадеус... „Јавно се откажав од ќерка ми, а потпишав и тестамент во кој целиот свој имот им...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Гоца Тржан со емотивна роденденска објава за ќерка ѝ: „До крајот на животот ќе ѝ бидам поддршка“ „Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот“. Со ови...
Марија Шерифовиќ на одмор со синот - ги критикува сите што немаат храброст да се разведат Марија Шерифовиќ набљудува мажи и жени во ресортот каде престојува и вели: „Луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg