Влатко Илиевски заштитно лице на Келвин Клајн за Македонија

vlatko-ilievski-e-zastitno-lice-za-calvin-klein-macedonia-povekjeОд саботата популарниот македонски пејач и актер Влатко Илиевски е во друштво на светските ѕвезди Кејт Мос, Ева Мендез, Скарлет Јохансон...


...Зои Салдана кои се заштитни лица на брендот Келвин Клајн. Лежерната и софистицирана појава на Влатко, според  ексклузивниот застапник за накитот и часовниците Келвин Клајн во Македонија – компанијата „Божиновски часовници и накит“, совршено се вклопува во она што го претставува овој бренд во глобални рамки, па токму затоа тој беше избран за прво заштитно лице на Келвин Клајн за Македонија.

 - Чест е да се  биде првото заштитно лице за Македонија на еден ваков, планетарано познат, ултра моќен моден бренд. Ретко кој може да остане рамнодушен на префинетите линии на накитот и часовниците Келвин Клајн. На мое задоволство тие од сега ќе бидат дел од моето секојдневие и мојот имиџ - изјави Влатко по завршувањето на перформансот на кој беше презентирана најновата колекција на накит и часовници 2011-2012 од овој бренд.

Атрактивниот манекен кој беше единствениот маж во шоуто насловено „Страста со Келвин Клајн е романса што трае цел живот“  го претставуваше самиот Келвин Клајн кој ги заведе седумте женски музи со врвниот дизајн на неговите најнови модели на часовници и накит. Несекојдневниот перформанс кој беше проследен со гласот на Влатко Илиевски во позадина, предизвика голем интерес кај посетителите на годинешниов „Саем на жената“ што се одржа во Метрополис Арена во Скопје.

vlatko-ilievski-e-zastitno-lice-za-calvin-klein-macedonia-1

vlatko-ilievski-e-zastitno-lice-za-calvin-klein-macedonia-2

Би можело да ве интересира:

Димитар Атанасовски ѝ пееше на Сара за роденден, Антониа Гиговска го поддржа сопругот: Атмосферата н... Кристина Димитри се појави во најразголено издание на сцената, покрај српскиот п...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Комеморација за Мирко Попов во Македонската филхармонија на 5 април Комеморацијата за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, компози...
Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка - се роди Ирис „Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере од „Нокаут“ на И...
Христина Пан за тешката битка и хемотерапијата на ќерка си (1): „По 3 тешки месеци, излеговме од бол... „По 3 тешки месеци, излеговме од болница. Нашата борба не е завршена, ама до мен...
Малиот Никола е бебе-херој: Се роди на Клиниката за гинекологија во Скопје со тежина од 900 грама - ... „Бебе Никола е нашиот јунак, вие сте нашите херои“ – им порача таткото на лекари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg