Александра Шијакоска искрено за мајчинството: „Беше ризично да се породам спонтано поради уредот во главата, но имав желба за тоа“
На прашањето „Дали во приватната болница каде што се породуваше дозволуваат да биде присутен и таткото“, таа кажа:
„Има процедура, ама дозволено е. Едмонд присуствуваше на породувањето, но непланирано. Со оглед на претходното болничко искуство заедно, од болницата сметаа дека за мене ќе биде полесно тој да е тука, па го викнаа и си остана до крај.
Инаку, Едмонд сакаше да ја гледа и првата операција во Солун кога докторот го праша дали сака да му покаже снимка, целата операција беше снимена пет и пол часа. Така што, има доста болничко искуство, благодарение на изборот на сопруга“.
„Како ти беа првите месеци, дали се навикна брзо и дали имаше постпартум депресија?“ - е едно од прашањата.
На ова вели:
„Јас сум градена да преживувам. Тоа ми е во крвта. И смешно ми беше кога ми зборуваа на оваа тема. Јас сум човек кој ретко плаче и само блиските знаат што сè сум пребродила со насмевка на лицето, ама постпородилна депресија ти била сериозно зезната работа.
Седев и плачев, без никаква причина. Па, дали јас ќе бидам добра мајка, дали јас заслужив втор живот, па како ќе го оправдам, со која сила ќе го пораснам детето, дали ќе го пораснам...
Какви не глупости ми поминаа низ глава тие први недели. Не сте сами, сите поминуваат низ истото“, вели Александра.
Таа откри и дека името на синот го избрала самата.
„Го прочитав во некоја книга и после ми излезе на Pinterest - има ирско потекло и значи ‘мал крал’“.
Додаде и дека пред да стане мајка велела дека нема да го остава бебето да спие со неа и сопругот на спалната, но дека работите во реалноста се поинакви.
„Сега гледам само да се наспиеме барем малку, па не ми се исплати да го враќам во креветче цело време.
Третиот пат го земам на спална, а спалната ни е многу мала, па ние спиеме со главата на фиоките“.
Шијакоска откри и дека е најчесто сама сум во текот на денот, бидејќи сите работат и си имаат обврски. Но, вели дека ѝ помагаат родителите и сестрите секогаш кога се во можност.
„Обично го носам секаде со мене, цело време е со луѓе и седи со сите. Повеќе ми треба помош околу куќата и домашните обврски, отколку околу Риан.
Празник ми е кога наутро ќе го земе татко му за јас да поспијам и да соберам сила за денот пред мене. И ги бројам минутите кога си доаѓа дома за да му ја предадам штафетата барем на кратко“ - напиша таа.
Кажа и дека Риан сам си стекнал рутина и во 20-21 часот веќе е заспан:
„Заспива со цицање и се буди 8361947292 пати. Јас, штом заспие, чистам, се туширам и таман ќе се спремам за дремка - ете ти го, се разбудил.
Претходно мислев дека се умира без сон, ама еве ме ненаспана и уште жива. Кога ќе помине не знам, најверојатно никогаш“.
На прашањето како се справува со грчевите на бебето и дали избегнува некоја храна за да не му се создаваат грчеви, таа вели:
„За среќа Риан помина без грчеви. Го дојам и не избегнувам апсолутно ништо. Јадам сè што ми се јаде, како и пред бременоста.
Првиот месец му дававме и АД, некогаш кога ќе го оставев со баба, вториот месец веќе не сакаше ништо освен мајчино млеко, па така го дојам, го оставам со домашните и трчам назад кога станува плачко“.
Александра доби и комплименти за изгледот и тоа што за брзо време успеала да си ја врати линијата назад, од жена која и 13 месеци по породувањето не успева да го ослабе целосно стомакот.
„Среќа, ја имам генетиката на татко ми во комбинација со брз метаболизам и незастанување на едно место. Верувајте ми - нормално е. Сè е нормално во таква состојба.
Дајте си време да се опоравите. Јас не знам ни колку килограми имав покачено во текот на бременоста, па ни сега. Не ме интересира тоа.
Најважно ми беше да станам мајка и сè да биде во најдобар ред. Изгледот воопшто не ми е важен. Факт е дека телото целосно се менува и е нормално“ - вели Александра.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





