Александра Шијакоска: „Сè се искомплицира - наместо еден, ми беа направени три оперативни зафати на главата“

„За жал, ништо не се одвиваше како што очекувавме и многу работи се ископлицираа, па морав да останам во болница скоро месец. Се изморив и изгубив волја за живот“, вели Александра Шијакоска во својата емотивна исповед, по дијагнозата тумор на мозокот.

aleksandra-shijakoska-rabotite-se-iskompliciraa-namesto-eden-mi-bea-napraveni-tri-operativni-zafati-na-glavata-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска, која има повеќе од 55.000 следбеници на Инстаграм, отворено говори за најтешката животна битка која ја води по дијагностицирањето на тумор на мозокот.

Таа имаше операција, по која за жал работите се искомплицираа.

На Инстаграм Стори, таа открива детали за процесот:

„Мислам дека сум ви должна неколку Инстаграм Стори. Знам дека сте загрижени за мене, па ви ги должам овие неколку сториња.

За жал, ништо не се одвиваше како што очекувавме и многу работи се ископлицираа, па морав да останам во болница скоро месец. Спремна бев за еден, а ми беа направени три оперативни зафати на главата, од кои последниот ми беше најтешко да го прифатам.

Се изморив и изгубив волја за живот. Колку и да си позитивен и да го сакаш живототпо месец дена во болница се губи секаква смисла.

Уште сум многу слаба и тешко ми е да се движам ама конечно сум дома, закрепнувам и се молам никогаш да не се повтори. Да не видам болница веќе.

Знам дека сите ме чекате да се вратам назад. И вие мене ми недостигате. Пораките не стигнувам да ги прочитам сите, ама одвај чекам да се вратам и сè да си биде како порано.

Уште се трудам да сфатам зошто секогаш мора да го извлечам најдебелиот крај ама среќа преживеав, па имам цел живот пред мене за да откријам.“

На Александра ѝ посакуваме побрзо закрепнување и брзо заборавање на оваа немила епизода од животот.

aleksandra-shijakoska-rabotite-se-iskompliciraa-namesto-eden-mi-bea-napraveni-tri-operativni-zafati-na-glavata-02.jpg

aleksandra-shijakoska-rabotite-se-iskompliciraa-namesto-eden-mi-bea-napraveni-tri-operativni-zafati-na-glavata-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска го покажа животот на село, со животни и спокој: „Не ми пречат 20 минути возење ... „Животот на село последните четири години... Има и позитивни и негативни страни ...
Се породи Александра Јанева - Пејачката стана мајка 3 дена по својот роденден Александра Јанева се породи вчера (28 мај), откако на 25 мај и самата славеше ро...
Александра Шијакоска за алката со отпечатоци од родителите: „Среќна сум и благодарна што ми се здрав... Девојка од Скопје си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на не...
Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
Синот на Тони Михајловски наполни 14 години - сопругата со порака: „Секогаш верувај во себе“ „Од семе до прекрасно момче, со изграден карактер, јасна визија и план за живото...
Александра Шијакоска и сопругот Едмонд очекуваат второ дете: „Моето срце никогаш не било пополно“ „Благодарни за сè што имаме, со најсилна вера во се што доаѓа, одиме напред, пос...

Најчитани неделава