Александра Шијакоска за алката со отпечатоци од родителите: „Среќна сум и благодарна што ми се здрави и живи“
- Детали
- петок, 19 септември 2025
Девојка од Скопје си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на неа има отпечатоци од нејзините родители, и потоа со денови очајно ја бараше. Но, хуман пронаоѓач ѝ ја врати. Сега, Шијакоска инспирирана од неа откри дека си направила ваква алка и уште еднаш на пиедестал ја стави љубовта кон семејството и вистинските морални вредности.

Драгана Гага од Скопје, по професија советник за туризам, на почетокот од август имаше немил настан на Водно. Таа си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на неа има отпечатоци од нејзините родители и потоа со денови очајно ја бараше.
Многумина ја споделија нејзината мака на Инстаграм, веста се прошири вирално и таа имаше среќа алката да ѝ биде пронајдена.

Оваа емотивна приказна ја инспирираше и инфлуенсерката Александра Шијакоска да си направи алка со отпечатоци од прсти од родителите.


Таа вели:
„Пред неколку месеци ми излезе во некоја група или тука на Инстаграм Стори, некој си ја бараше загубената златна белегзија со отпечатоци од родителите.
Од таму инспирација и јас си направив иста.
Среќна сум и благодарна што ми се здрави и живи, а овој спомен ќе си го носам и чувам засекогаш!“
Кликнете на видеото:
Прочитајте и Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ја врати
С. С. | Црнобело