Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ја врати
- Детали
- понеделник, 04 август 2025
„Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот, затоа објавив на социјалните мрежи за изгубената алка и потоа се случи вистинско чудо. Објавата допре до толку многу луѓе, цел ден ми пишуваа луѓе што не ги познавам дека ќе одат на Водно и ќе пробаат да ја најдат алката и една девојка успеа“, вели Драгана Гага (41) од Скопје за CRNOBELO.com.

Драгана Гага (41) од Скопје, по професија советник за туризам, имаше немил настан на Водно. Таа си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на неа има отпечатоци од нејзините родители и потоа со денови очајно ја бараше.
Откако не успеа да ја најде на лице место, таа замоли за помош на социјалните мрежи.
Нејзината објава се споделуваше вирално, сите сакаа да ѝ помогнат, а на крај целта беше остварена – хумана девојка ѝ ја пронајде алката на Водно и ѝ ја врати.
Кога Македонците ќе се сплотат, заедно можат да направат мали, но сепак големи работи, зарем не?
Срцето на Драгана е полно, таа е преблагодарна на сите кои се потрудија.

За CRNOBELO.com ја споделува приказната за алката:
„Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот. По мојата објава се случи вистинско чудо. Не очекував дека објавата ќе допре до толку многу луѓе, дека буквално скоро секој што ќе ја види - ќе ја сподели.
Цел ден утредента ми пишуваа луѓе што не ги познавам и оние што ги познавам, дека ќе одат на Водно и ќе пробаат да ја најдат алката.
Алката е подарок од моето семејство за мојот 40-ти роденден. Симболизира потсетник дека семејството е секогаш со мене.
Ја креиравме околу еден месец ние домашните заедно со златарот.
Смислувавме како да се земат отпечатоците за да се изгравираат на алката.
Кога ги средивме техничките работи, јас лично отидов кај граверот за да видам дали баш тие отпечатоци ќе бидат изгравирани.
Откако ја добив алката, буквално ниту еднаш ја немам симнато од мене, ја носев секаде и секогаш.
На планини, на мориња, водопади, авиони, секаде каде што патував. Ми стана некако како дел од мене.
Каде и да сум, што и да ми се случува алката ми е потсетник дека секогаш можам да сметам на моето семејство и буквално никогаш не сум сама.
И така еден ден додека пешачев на Водно, забележав дека алката ми ја нема на рака. Она што бев сигурна е дека дефинитивно е падната на патеката по која пешачев, бидејќи имам навика на неколку минути да проверувам дали ми е на рака.
Во истиот момент решив да се вратам назад и да ја барам, а другарките со кои бев продолжија нагоре.

