Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ја врати
Се симнував надолу по планината, но ништо, алката ја немаше. Ми дојде идеа дека ќе биде полесно да ја барам кога е ноќ, бидејќи од самата батерија што свети ќе направи одблесок и ќе ја видам.
Се симнав долу, зедов батерии, го организирав и брат ми да бара со мене и во 21.00 часот пак се упативме нагоре по патеката, но не успеавме да ја најдеме.
Другарките ми јавија дека и они ја барале алката и тие неуспешно. Затоа дојдов до идеја да објавам на социјалните мрежи дека алката која премногу ми значи е загубена.
Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот.
По мојата објава се случи вистинско чудо. Не очекував дека објавата ќе допре до толку многу луѓе, дека буквално скоро секој што ќе ја види - ќе ја сподели.
Цел ден утредента ми пишуваа луѓе што не ги познавам и оние што ги познавам, дека ќе одат на Водно и ќе пробаат да ја најдат алката.
Една девојка, која е сопственик на златарница, ми пиша дека ќе ги информира сите златари во Скопје ако случајно ја донесе некој алката веднаш да ме информираат.
Друг дечко, кој не го познавам, ми понуди со неговиот метал детектор да одиме по патеката и да бараме за викендот.
Попладнето веќе не знам колку луѓе ме контактираа да ме прашаат дали е најдена алката бидејќи им е план да одат за викенд и дека ќе ја бараат. Неверојатно.
Јас следната вечер по иста моја логика чекав да се стемни и да одам да ја барам алката со брат ми.
Повторно ја поминуваме патеката, но ништо. Во тој момент се помирив дека буквално бараме игла во сено, на патеката има толку многу лисја, камења, корени, навистина е тешко да се најде толку тенка алка.
Си велам, во недела ќе пробам уште со метал детекторот и ако е моја ќе се најде, тоа е тоа.
Во сабота наутро ме бара мојот зет да ми каже дека алката е најдена. Јас нормално не верувам.

