Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ја врати
Ми даде број од девојката и веднаш ја побарав. Ми раскажа како ја видела објавата за алката, дека толку била емотивна пораката и ја погодила што решила дека како ќе се движи низ Водно ќе оди поспоро и ќе ја бара и одеднаш како гледала по земјата видела одблесок од сонце, мојата алка.
Буквално плачев од среќа, а и девојката - Силвана мислам посреќна и од мене беше што баш она ја пронашла алката.
И така сега алката е со мене, а јас добив потврда колку волшебна планина е Водно и колку најпрекрасни луѓе уживаат во неа.
Сфатив дека ние Македонците сме најемотивниот народ, дека кога се поддржуваме и кога ќе се сплотиме како заедница можеме да направиме навистина неверојатни работи, дури и да најдеме игла во сено.
Алката можеби е банална работа, но емоцијата ја препознаа сите што ја прочитаа објавата и затоа сум преблагодарна на сите што на кој било начин придонесоа алката да ми се врати“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
