Александра Шијакоска и сопругот Едмонд очекуваат второ дете: „Моето срце никогаш не било пополно“
- Детали
- петок, 26 декември 2025
„Благодарни за сè што имаме, со најсилна вера во сè што доаѓа, одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов“, пишува во објавата на Александра Шијакоска со која ги сподели убавите вести.

Александра Шијакоска и сопругот Едмонд Весели го очекуваат второто дете.
Инфлуенсерката ги сподели убавите вести со објава на Инстаграм – сподели неколку фотки со саканиот и синчето Риан, но и со ехо снимки од новиот член на семејството.

„Имаше денови кога сè што имав беше надежта. Тивка, мала, но силна.
Денес таа надеж е љубов што ја живеам секој ден, мало раче што ме држи и нов живот што тивко расте под моето срце.
Благодарни за сè што имаме, со најсилна вера во сè што доаѓа, одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов.
Моето срце никогаш не било пополно“, пишува во описот на објавата.






Спирова С. | Црнобело