Македонка која живее во Осло се пожали за Скопје: „Среќна сум што не ги растам децата тука – небезбедни игралишта, те гледаат чудно ако доиш“

„Ѓубре има на секој ќош... Оланна е навикната и да легне на земја во Осло од што е толку чисто, а тука се плашам и тревата да ја допре. Не сум од тие што се жалат на Инстаграм, ама после 20 дена во Скопје со две деца, почнав да гледам работи што не можев да не ги видам“ - вели Ана Најдовска која живее во Осло, а моментално е во Скопје со семејството. 

Fotomakedonka-koja-zhivee-vo-oslo-se-pozhali-za-skopje-srekjna-sum-shto-ne-gi-rastam-decata-tuka-ima-nebezbedni-igralishta-te-gledaat-chudno-ako-doish-001et.jpg

Ана Најдовска од Скопје живее во Осло со сопругот, норвешкиот фудбалер Чума Уче Анене.

Тие ја имаат ќерката Оланна, а пред неполни 4 месеци, го добија и второто дете Оби.

Неодамна, за CRNOBELO.com таа зборуваше за бременоста и породувањето во Норвешка, како и за условите во болницата. 

Прочитајте повеќе: Ана Најдовска се породи во Норвешка: „Имаше само бабица, со новороденчето нè префрлија во врвен болнички хотел“

На средината на мај, тие одлучија првиот печат во пасошот на малиот Оби да биде македонски, па дојдоа да ја посетат татковината на Ана.

Таа деновиве ужива во времето поминато во Скопје со своето семејство, како и во можноста нејзините деца да се дружат со блиските роднини и пријатели.

makedonka-koja-zhivee-vo-oslo-se-pozhali-za-skopje-srekjna-sum-shto-ne-gi-rastam-decata-tuka-ima-nebezbedni-igralishta-te-gledaat-chudno-ako-doish-02.jpg

Често споделува фотки од прошетките низ центарот на градот и посетата на повеќе локали каде ги носи синот Оби и ќерката Оланна.

Но, покрај убавите моменти, Ана на својот Инстаграм одлучи и да се пожали околу некои несоодветни работи кои може да се забележат низ нашиот град, а веројатно ѝ се шокантни во споредба со животот во Норвешка. 

Вели дека е среќна што децата ги расте во Осло, а не во Скопје, а ги откри и причините за тоа, па напиша:

Неколку причини поради кои сум среќна што ги растам моите деца во Осло, а не во Скопје: 

- Во Осло секојдневно гледам мајки и татковци со колички со бебиња (посебно новороденчиња), овде едвај среќавам две мајки на ден. Почесто гледам баби како шетаат бебиња отколку мајки или татковци.

makedonka-koja-zhivee-vo-oslo-se-pozhali-za-skopje-srekjna-sum-shto-ne-gi-rastam-decata-tuka-ima-nebezbedni-igralishta-te-gledaat-chudno-ako-doish-16.jpg

- Ако седнеш со бебе на кафе и бебето заплаче, те гледаат како да пречиш, како мајките со бебиња да треба да седат дома, а не да излегуваат надвор.

- Ако сакаш да го надоиш некаде надвор очекувај да те гледаат чудно од сите страни.

- Си палат цигари без гајле, и тоа во присуство на бебиња.

- Излегуваш надвор на прошетка, тротоари блокирани со паркирани коли, мотори летаат, коли свират...

- Тротоарите не се направени за колички, рацете ќе си ги искршиш од качи спушти.

makedonka-koja-zhivee-vo-oslo-se-pozhali-za-skopje-srekjna-sum-shto-ne-gi-rastam-decata-tuka-ima-nebezbedni-igralishta-te-gledaat-chudno-ako-doish.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава