Никола Станишиќ, победникот на Гранд: „Девојката ми раскина на финалето - ме блокирала, на нејзините им пречеше што сум Ром“
Потоа, тој проговори и за односот со сега веќе поранешната девојка:
„Јас раскинав на финалната ноќ со мојата девојка. Раскинавме поради такви причини како коментарите на нејзините дека јас сум Ром, јас сум музичар, јас ќе ја оставам.
Не бев прифатен од нив, имавме многу проблеми.
Јас пробував сè да прифатам, да трпам, меѓутоа не одеше и нешто кога е со сила – не оди.
Ја разбирам и неа – имаше притисок од две страни, и од таа и од моја страна.

Раскинуваме ние првата сабота кога беше првото финале и сега немаме контакт никаков до следната сабота до второто финале, каде се случи тоа јас да победам и телефонот ми беше блокиран две недели.
И завршува финалето, одиме сите да славиме, сè е во ред.
Заврши сè и викам сега ќе ѝ ѕвонам. Гледам не ѕвони, блокиран сум.
Пишувам порака: „Блокиран сум?“ и не стига.

А јас уште не знаев тогаш дека излегол наслов (оди скриншот од српски медиум со наслов: Никола Станишиќ во друштво на млада колешка, ги сликавме кога не се надеваа).
И откако видов мене ми беше сè јасно, она си ги поклопила коцките, ние сме раскинале, јас сум ја изневерил и ми стигна една огромна порака“.
Извор: Blic
Потоа Лазаров му вели да ѝ испее една песна на поранешната девојка, а Никола шеговито ѝ ги посвети стиховите:
„Шта ме сада тражиш поред нив толико, где си била кад сам био нико?“
Kликнете на видеата од гостувањeто кај Лазаров:
С. С. | Црнобело
