Лила со фотки од детството му честита роденден на синот: „И цел свет да е против мене, најважно е што те имам тебе“
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
„Денес е роденден на најважниот човек во мојот живот - Филип. Безусловна љубов, поддршка и среќа. Да си здрав, жив, весел и насмеан и секогаш да си моја гордост како и до сега“ - му порача водителката на синот (31).

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска го има синот Филип, кој е нејзиниот свет.
Тие се често заедно и на патувања и на настани, и иако Филип не сака да се експонира, сепак е најголема поддршка на мајка си.

Вчера (24.09) Филип наполни 31 година, а Лила му го честита роденденот на Инстаграм, со видео од прослава на која се прегрнати и пеат, но и серија нови и детски фотографии.
„И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам ТЕБЕ. Денес е роденден на најважниот човек во мојот живот - Филип.
Безусловна љубов, поддршка и среќа. Да си здрав, жив, секогаш весел и насмеан и секогаш да си моја гордост како и до сега… Те сака твоја Лики“ - напиша водителката.

Повеќе фотографии:



Кликнете да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело