„Гордост татина“ - Синот на Перо Антиќ е матурант - мајка му е горда на него, татко му го однесе на прославата
- Детали
- петок, 22 мај 2026
Со бордо костум и црна кошула, Лука Антиќ блеска на својата матурска прослава. Перо Антиќ и Ружица Максимовска горди на најстариот син.

Најстариот син на Перо Антиќ, Лука Антиќ, стана матурант, а гордиот татко со својот автомобил го однесе на прославата.
„Среќна матура гордост татина“, напиша Перо, а колку е горд на својот наследник доказ е и неговата роденденска честитка од пред некоја година за Лука, каде вели:
„Среќен роденден Лука Антиќ. Тато те сака поради момчето што си, мажот што ќе станеш и прекрасниот син што ќе бидеш секогаш. Се гордеам со тебе“.



Инаку, и мајката на Лука, новинарката и сопственик на медиум, Ружица Максимовска сподели фотографија од него и напиша: „Засекогаш горда на тебе“.

Лука се одлучи за бордо костум и црна кошула за својата матурска прослава.
Повеќе постари фотки од него:
С. С. | Црнобело