Тоше Зафиров снима провокативни видеа со сопругата: „Горд сум што по 25 години брак можам да ја бакнам, гушнам“
- Детали
- петок, 26 септември 2025
„Јас вежбам, се трудам и сметам дека имам убаво тело, па сакам покрај мене и партнерката да ми биде со убаво, совршено тело. Јас уживам со жена ми и се гордеам што после 25 години брак можам да ја гушнам, да ја бакнам, да ја држам за рака...“, вели Тоше Зафиров, кој се закити со медал на Мистер Олимпија аматер, заедно со сопругата и ќерката.

Тоше Зафиров од Скопје е човек кој секогаш бара благослов и духовна поткрепа за своето спортско семејство, но од друга страна сака да се забавува и да ужива во животот заедно со нив.
Тој заедно со сопругата и ќерката важат за една од најуспешните македонски спортски фамилии.

Тој вели дека трудот и меѓусебната поддршка се основа на нивното секојдневие и дека сакаат да бидат вистински пример за заеднички подвиг и победи.

Инаку, на големиот спортски настан Mr. Olympia Amateur во Букурешт, Тоше, по цели три децении спортски труд, го освои сребрениот медал во мошне силна конкуренција од над 300 учесници, а неговата сопруга Габриела, и покрај сериозни здравствени предизвици, се закити со медал и го освои петтото место, а нивната ќерка Ангела, нивната најголема гордост, го понесе својот прв златен медал и стана победник на натпреварот во својата категорија.
Сега, во едно неодамнешно ТВ гостување во естрадниот магазин „Старс“, Тоше се појави со семејството.

Тој за својот брак кој трае веќе 25 години, вели:
„Јас вежбам, се трудам и сметам дека имам убаво тело, па сакам покрај мене и партнерката да ми биде со убаво, совршено тело.
А кој се плаши од убави жени, нека си се плаши.
Се случува на плажа да ме допираат, сакаат да допрат мускул. Може да пипне, малку да пипне...“

Ќерка му Ангела, пак, за него вели:
„Тато ми е најголемиот пример, дали за животот, дали како идеален маж...’

На тема вежбањето Тоше вели дека како што луѓето секој ден мијат заби, така тој секој ден вежба.