Тоше Зафиров искрен дали ја изневерил сопругата: „Да можам да го вратам времето не би погрешил, рано сфатив дека ја повредувам“
- Детали
- сабота, 29 ноември 2025
„Многупати знаат да ми напишат луѓе што ме познаваат од минатото: „Немој да глумиш ти светец, немој да глумиш безгрешен. Знаеме што правеше“. Да, точно е тоа. Имам погрешено во минатото. Искрено, да можам да го вратам времето, никогаш не би погрешил“ - вели Зафиров во својата исповед.

Тоше Зафиров, не ја крие љубовта кон сопругата Габриела, со која е во брак 25 години. Тој секогаш зборува во суперлатив за неа, истакнува колкава поддршка му е во животот.
Парот често снима и видеа на кои разменуваат нежности, а Зафиров неколкупати изјавил дека секогаш си легнуваат држејќи се за рака и така заспиваат.
Но, тој ја изненади јавноста со признанието дека ја изневерувал сопругата, иако тоа било многу одамна.
На Инстаграм Зафиров објави видео со прашање: „Дали ја имам изневерувано Габи?“, поттикнат од коментари на луѓе дека „глуми светец“ и дека тие знаат „што правел во минатото“.
Зафиров признава дека никогаш не би погрешил да може да го врати времето, но и дека е среќен што рано сфатил колку ја повредува не само сопругата, туку и сите останати.

Во својата искрена исповед, Тоше вели:
„Дали ја имам изневерувано Габи? Многупати знаат да ми напишат луѓе коишто ме познаваат од минатото: „Немој да глумиш ти светец, немој да глумиш безгрешен. Знаеме што правеше ти“.
Да, точно е тоа. И јас како и сите други сум имал работи како што се обезбедување во дискотека, обезбедување кај премиерот, воена полиција и други работи навистина кај што ѓаволот нè става го искушение, посебно во тие млади години.
И навистина имам погрешено во минатото. Искрено, да би можел да го вратам времето, никогаш не би погрешил.
Доброто е што многу рано сфатив и еве поминаа години и години, од кога освен Габи, во мојот живот, никој друг не постои.
Многу рано сфатив дека покрај тоа што се повредувам самиот себеси, ја повредувам и Габи, ги повредувам и децата, моите родители, нејзините родители, сестра ми, нејзиниот брат, сите на некој начин страдаат, а прашањето е зошто е тоа така?
Го сфатив тоа на време и слободно можам да кажам дека веќе години наназад се борам околу нашиот брак, се трудам да бидам што подобар сопруг, родител, бидејќи кога навистина една врска што се гради низ годините, и некој кога ти го посветил целото време што постои, само за тебе, некој што ти родил деца, бил со тебе во добро и во лошо, во најтешките моменти од твојот живот, не вреди никогаш да го повредиш.

Цврсто стојам зад овие ставови и често зборувам. Мои пријатели знаат да ме сретнат: „Доста веќе со тие мешко-женски односи, доста веќе со тоа држење за рака, со тие љубовни приказни“.
Но јас уживам во тоа, уживам сега да ја држам Габи за рака и после 30 години, уживам да излеземе во град, да се држиме цврсто за рака.
Знам дека кога ме држи цврсто за рака, знае дека има некој покрај неа што ја штити, ја сака, некој што ја милува, а тој допир за рака кажува многу.
Уживам кога ќе си легнеме и кога ќе се фатиме за рака, кога ќе заспијам, така држејќи се за рака. Таа енергија што си испушта во тие моменти, тоа е вистина благослов од Бога.
Не значи дека секогаш е сè совршено, не значи дека не се караме, не значи дека не се расправаме, дека не доаѓа некогаш некаква криза.
Но единствен начин да се надмине сето тоа е со разбирање, разговор, и некогаш да седнеш и да размислиш зошто дошло до тоа - дали сум виновникот јас.
Порано бев многу побрз и секогаш виновникот беше таа. Сега не е веќе така. Знам да избројам до 3, знам да размислам зошто дошло до тоа. И најважно од сè, нема водење инат.
Кога ќе си дојде од работа или таа, или јас, ќе ја гушнам, ќе се бакнеме, и сето што било недоразбирање, ќе остане зад нас. Секогаш тие недоразбирање и караници се за многу ситни и банални работи.
Но тие банални работи, ако не ги разрешиме веднаш, знаат да тлеат и да тлеат.

Ете, ова нека биде одговорот за сите они коишто ме прашуваат и ми пишуваат дека не сум бил светец, ни безгрешен.
Да, точно е. Но години, години наназад има само една жена е во мојот живот, а тоа е Габи. Така да, јас сум горд на неа, што имам сопруга како неа, што навистина знае да ме прати низ животот и да биде мојата голема поддршка.
И ќе се трудам и ќе се борам до крајот на животот, да си имаме еден убав брак исполнат со слога и разбирање, и дај Боже, до крајот на животот да си бидеме заедно.
Сите ние грешиме, само треба навреме да се свестиме, да сфатиме дека има некој дома што нè чека, што мисли на нас, што солзи лее за нас, што пати.
Едно многу битно нешто да не заборавам - чојство - да ги заштитиме другите од самите себе. Тоа е многу, многу јака и моќна особина, посебно кај еден маж.
Бидете мажи, бидете оние коишто чојството го имаат во себе, и не дозволувајте да ги повредите другите, туку заштитете ги другите од самиот себе.
Еве, ова нека биде одговорот уште еднаш за сите оние што ги интересираа оваа тема, што сакат да градат некакви меѓу брачни односи, за сите оние кои имале проблеми во бракот, да знаат дека сè се надминува.
Најважно од сè е да си ја чуваме, да си ја негуваме, да си ја вреднуваме личноста што е до нас, и секој ден сè повеќе и повеќе да се сакаме“.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело