Сопругата на Дејан Манасков со бебето, Елена Велевска ѝ прослави 18-ти роденден на ќерката: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- вторник, 21 април 2026
Сани Богдановска ужива со 6-те миленици дома во опуштено издание, Ивана Кнез открива колку е горда на мајка си, а наш стендап комичар, со хит видео - кога патуваме авионски само со рачен багаж, а на себе имаме слоеви и слоеви облека, вели: „Она кога не ти се даваат пари за куфер“.

Majа Кикириткова блесна на Shtip Fashion Days 2026, Жаре „Еден на еден“ чека второ дете, а Елена Велевска ѝ прослави полнолетство на ќерката.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Дејан Манасков доби син со саканата Билјана Стојановска, а таа позираше со малиот Давид
Сани Богдановска, модна новинарка и модел, ужива со милениците дома
Majа Кикириткова блесна на Shtip Fashion Days 2026
Ивана Кнез ја дотера мајка си во парчиња од нејзиниот бренд и порача:
„Само да ви кажам дека стилот нема врска ниту со години, ниту со финансии, ниту со килажа. Кога си на чисто сама со себе, можеш да се носиш со сè.
Цел живот е ваква скоцкана, цел живот ми дава сила и енергија да бидам повеќе од тоа што мислам дека сум.
И цел живот ми покажува дека не сум сама, колку и да ми е тешко, колку и да мислам дека не можам веќе, тука е да ми покаже дека можам. Една е мајка, грее како сонце!“
Водителот Жарко Димитриоски, познат како Жаре „Еден на еден“ со сопругата Ивана очекуваат второ дете
Елена Велевска ѝ прослави полнолетство на ќерката
