Сопругата на Даниел Кајмакоски: „Никогаш не сме дочекале Нова година заедно, но на сите им посакувам љубов како нашата“
- Детали
- сабота, 03 јануари 2026
Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, каде двете дечиња отвораат подароци. Но, Марина, на видео каде го бакнува, му посвети ѝ емотивна објава.

Марина Кајмакоска, девојачко Антиќ потекнува од Ранилуг, прекрасно мало место на Косово, по професија e доктор, специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега.

Таа е избраничката на нашиот Даниел Кајмакоски и имаат две деца, а на Инстаграм Стори покажаа и каква празнична атмосфера владее во нивниот дом во Белград.


Инаку, во интервју за CRNOBELO.com Марина откри:
„Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 година, кога се натпреваруваше во шоуто „X Фактор“.
Бев воодушевена од целата негова појава. Го следев и навивав за него цело време и мислев колку би било убаво некогаш да го запознаам“.


Сега, години подоцна, таа го живее својот сон со него, а на Инстаграм Стори со видео на кое се бакнуваат напиша:
„Откако се знаеме ниту една Нова година не ја дочекавме заедно, но затоа дочекавме милион други убави работи заедно.
На секој кој не пронашол, му посакувам една ваква љубов“.

Прочитајте и Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него, ми беше срам да му пријдам“
С. С. | Црнобело
