Помалата ќерка на Сузана Гавазова наполни 11 години, пејачката објави семејно видео - снимки со сопругот, од патувања
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Денес славиме 11 години исполнети со твојата насмевка, добрина, љубов и радост. Ти си нашата гордост, нашата сила и најубавата причина секој ден да бидеме среќни“, напиша пејачката во емотивната роденденска честитка до Селена.

Селена, помалата ќерка на Сузана Гавазова, наполни 11 години.
А за роденденот, пејачката ѝ направи видео кое го објави на Инстаграм - фотки од Селена, семејни фотки со постарата ќерка и сопругот, фотографии од патувања...
Таа, на ќерката ѝ и напиша емотивна роденденска честитка, преку која ја изрази и својата љубов кон неа.

„Среќен 11-ти роденден Селена!
Денес славиме 11 години исполнети со твојата насмевка, добрина, љубов и радост.
Ти си нашата гордост, нашата сила и најубавата причина секој ден да бидеме среќни.

Ти посакуваме да растеш здрава, среќна, храбра и секогаш со насмевка на лицето.
Нека сите твои соништа се исполнуваат, а животот нека ти донесе безброј убави моменти, искрени пријателства и многу љубов.

Те сакаме неизмерно и секогаш ќе бидеме покрај тебе. Среќен роденден, наша принцезо!
Со бескрајна љубов, мама, тато и Емелие!“, напиша Сузана.
За потсетување, Сузана и нејзиниот сопруг Јасмин имаат уште една ќерка, Емелие, која во април наполни 12 години.
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело