Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него, ми беше срам да му пријдам“
Македонија е прекрасна земја, има преубави предели, често и со задоволство патуваме таму.
Луѓето се гостопримливи, срдечни, со менталитет сличен на луѓето од Косово, од каде што јас инаку потекнувам.

Имаме сличен говор и обичаи. Чувствувам голема блискост со луѓето од Македонија.

Што се однесува до професијата на Даниел, немам апсолутно никаков проблем. Бев свесна во што се впуштам уште од самиот почеток.
Сè што е поврзано со него – го сакам, а тоа вклучува и тоа со што се занимава. Му давам поддршка во сè што прави.

Кога станува збор за романтични и убави работи, ги доживувам секојдневно со Даниел и го обожавам поради тоа.

Знае да направи и донесе кафе и појадок во кревет, знае да купи огромен букет цвеќе и само да го остави на маса, знае да изненади со некое патување, кое сам го резервирал однапред, па само ќе дојде и ќе праша дали можам да нè спакувам за неколку часа.

Инаку, попустливи сме и двајцата, понекогаш, зависи од ситуацијата. Едноставно мора да е така за да функционираме убаво и да се одржи склад и мир.
Карактерно сме многу слични“.





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова
