Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него, ми беше срам да му пријдам“
- Детали
- понеделник, 04 август 2025
„Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 година, кога се натпреваруваше во шоуто „X Фактор“. Бев воодушевена од целата негова појава. Го следев и навивав за него цело време и мислев колку би било убаво некогаш да го запознаам“, вели доктор Марина Кајмакоска (35) од Ранилуг, Косово и за CRNOBELO.com ја споделува љубовната приказна со Даниел Кајмакоски (41).

Марина Кајмакоска, девојачко Антиќ (35) потекнува од Ранилуг, прекрасно мало место на Косово, по професија e доктор, специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега.
Таа е во брак со Даниел Кајмакоски (41) и имаат две деца.
Парот живее во Белград.

„Живееме во Белград цело време и двајцата го обожаваме Белград. Тоа е град со душа, град кој ги исполнува очекувањата на секој.
Среќни сме тука, уживаме и засега остануваме овде. Ќе видиме што ќе донесе времето“, вели Марина.

Taa ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
„Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 година, кога се натпреваруваше во шоуто „X Фактор“.
Бев воодушевена од целата негова појава. Го следев и навивав за него цело време и мислев колку би било убаво некогаш да го запознаам.

Имаше една можност за запознавање кога настапуваше во еден локал во Ниш.
Сакав да му пријдам и да го замолам да се сликаме, но бендот тогаш правеше пауза, па ми беше непријатно да ги вознемирувам.

Се запознавме на планината Ртањ, во хотелот Рамонда, кога во мај 2021 бев на некоја едукација како дел од специјализацијата.

Свиреше бендот со кој тој често настапуваше, а подоцна дознав од него дека за малку ќе ја откажел свирката, бидејќи заглавил на излез од Белград.
Тогаш се запознавме и си ги разменивме телефонските броеви.

Веќе следниот ден ми се јави. Се слушавме и се гледавме кога и да имавме можност, бидејќи и двајцата бевме многу зафатени.

