Дејан Манасков стана татко - еден месец по свадбата сопругата Билјана роди син
- Детали
- понеделник, 02 март 2026
Веста за раѓањето на бебето ја сподели Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум. Таа беше и меѓу првите кои во јануари открија дека ракометарот прави свадба со саканата Билјана.

Дејан Манасков (33), поранешниот ракометен репрезентативец, и член на РК Еурофарм Пелистер, стана татко.

Неговата сопруга Билјана се породи вчера (01.03), а веста за раѓањето на бебето ја сподели Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум.
„Добредојде на овој свет Давид. Честито Дејан и Билјана“, напиша таа на Инстаграм Стори.

Името Давид е со еврејско потекло, а има моќно значење и се толкува како „возљубен“.

За потсетување, Дејан и Билјана Стојановска, која работи во маркетинг секторот во Канал 5 телевизија, направија свадба на 31 јануари.

Тие прво се венчаа во црквата Рождество на Пресвета Богородица, а потоа имаа прослава во позната винарија во Скопје.

На свадбата присуствуваа и многу наши ракометари, а ракометар е и кумот на свадбата, Гоце Ојлески, кој е долгогодишен пријател на Манасков.

А. Ј. | Црнобело
